Published: Friday, December 11, 2015 13:42
Во Украинскиот Парламент денеска изби жестока тепачка, додека украинскиот премиер Арсениј Јацењук го презентирал Годишниот извештај на Владата.
Тепачката се случила меѓу пратениците од партијата Народен фронт, на која припаѓа премиерот Јацењук и оние од Блокот Солидарност на украинскиот претседател Петро Порошенко, во која се вмешал и претседателот на Врховната Рада Владимир Гросман.
Нередите започнале кога пратеникот од Блокот на Порошенко, Олег Барна му дал букет рози на Јацењук, по што се обидел да го симне од говорницата.
По неколкуминута тепачка, атмосферата се смирила, а пратениците се извиниле.




