Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теренска проверка на ДИК: Отфрлен сомнежот за 41.000 гласачи од 87.000

0
By Влатко Чаловски on April 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По внесените податоци во електронската евиденција на Државната изборна комисија, од теренската проверка, расчистен е сомнежот за 40.817 гласачи, а останата бројка од 46.475 ќе се проверуваат повторно со помош на МВР.

Според извештјот на анкетарите кои ДИК денеска го усвои со 7 гласа „за“ и 2 гласа „против“, од вкупно 87.352 прашалници кои биле доставени до подрачните одделенија и канцеларии низ земјава, вратени се 87 074 прашалници, со што се констатира дека недостасуваат вкупно 282 прашалници.

Според извештајот пак од ИТ експертите, недостасуваат вкупно 414 прашалници.

По ова настана кавга помеѓу членовите на ДИК. Според Игор Милев и Виолета Дума, членови од редовите на СДСМ, сомнеително е прифаќањето на два извештаи кои треба да дадат исти резултати и затоа гласаа против.

Според останатите, таа бројка е мала а се знаеле имињата и презимињата на лицата за кои ги нема прашалниците и за нив има механизми со повторно разгледување на базите кои ги има ДИК да се расчистат сомнежите.

Милев се сомнева во анкетарите кои во име на ДИК оделе на терен, бидејќи ниеден од нив немал потпишано договор или писмена изјава за соработка со ДИК, но според членот од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, ДИК ги имала имињата на секој еден од нив, а оние прашалници кои недостасуваат се поради тоа што при примопредавањето ниту раководителите на подрачните единици, ниту ДИК не ги пребројала.

По ова, се донесе заклучок, раководителите на подрачните единици да достават образложение за секој прашалник зошто недостасува.

За онаа бројка од 46.475 кои ќе се проверуваат со повторна проверка во базите на податоци или со помош на МВР, најголем е сомнежот за 8.878 лица, за кои анкетарите добиле одговор дека живеат на дадената адреса но дека се привремено надвор од државата.

5.093 живееле но се иселиле на друга адреса, 523 починале, а 2.945 гласачи живеат во земјава, но престојуваат на друга адреса.

Дик Избирачки список избори теренска проверка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.