Published: Wednesday, July 20, 2016 15:00
Тереза Меј изјави дека би била подготвена да одобри нуклеарен напад што може да убие 100.000 луѓе, додека Долниот дом гласаше да се замени програмата на Велика Британија, Тридент, јавува Гардијан.
Премиерката потврди дека ќе биде подготвена да го притисне нуклеарното копче доколку е потребно, кога таа ја отвори дебатата за тоа дали Велика Британија треба да потроши и до £ 40 милијарди фунти за замена на четири подморници, кои носат нуклеарни боеви глави.
По повеќе од пет часа дискусија, Парламентот гласаше за обновување на Тридент со мнозинство од 355 од страна на речиси целата Конзервативна партија, а повеќе од половина од пратениците на Лабуристите.




