Четворица екстремисти се обиделе да земат заложници во црквата Св. Архангел Михаил во Грозни, но по интервенција на полицијата напаѓачите биле убиени, соопшти претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров.

„Екстремистите влегоа во црквата и сакаа да земат заложници. Сите четворица се елиминирани“, рече Кадиров.

Според непотврдени извори,  двајца полицајци и еден верник во црквата им подлегнале на повредите во нападот.

Кадиров тврди дека екстремистите добиле наредба за нападот од една западна земја.

„Се преземаат мерки да се идентификуваат екстремистите, а околу црквата е поставен кордон“, рече Кадиров.