Заменик-градоначалникот на Париз изјави дека тројца мажи, 2 од нив браќа, се идентификувани како напаѓачи.
Повикувајќи се на полициски извори, весникот Либерасион објави дека тројца осомничени за масакрот во редакцијата на неделникот Шарли Ебдо се идентификувани но се уште не се уапсени.
Станува збор за Саид К. Роден 1980 година во Париз, Шериф К. Роден 1982 година во Париз и Хамид М. Роден во 1996 година.
Според телевизијата ЛЦИ најстариот брат бил веќе осуден за тероризам. Тој бил осуден во 2008 година во рамките на една ирачка мрежа од Париз. Тој изјавил дека “порано бев деликвент но откако влегов во религијата добив сила, не ми пречеше ни тоа што можам да умрам”. Тој бил уапсен во 2005 година кога се спрема да замине за Дамас.
Помеѓу 2003 и 2005 година оваа мрежа мотивирала десетици млади Французи да заминат да се борат во Ирак.

Во меѓувреме, весникот Париз Нормандија изрази солидарност со убиените новинари во денешниот напад, со објавување на насловната страница каде го промени името на весникот, во чест на колегите од Шарли Ебдо.




