Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Терористичката Исламска држава објави дека стои зад бриселските атентати

0
By Светлана Јовановска on March 22, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 22, 2016 16:49

Терористичката организација Исламска држава (ИД) објави дека таа стои зад бриселските атентати, јавува една агенција блиска до ИД.

Камерите на бриселскиот аеродром снимиле три лица. За двајца од нив се смета дека се автори на атентатот на аеродромот и дека биле разнесени од ексзплозивот што го носеле со себе. Полицијата трага по третиот човек кој е во бегство.

На сликата се гледа дека двајцата облечени во црно имаат по една ракавица секој. Според информациите, ракавиците помогнале да се сокрие експлозивната направа.

Белгија прогласи тридневна национала жалост а кралот Филип најави дека вечерва ќе и се обрати на нацијата. Ова е исклучително редок настан. Кралот официјално се обраќа само два пати во годината – на Божиќ и во јули за време на националниот празник. Ова сведочи за сериозноста на ситуацијата.

Билансот на бриселските терористички напади во овој момент изнесува 34 мртви и 136 лица ранети од кои некои многу тешко. Се очекува соопштение од властите кога ќе се утврди точниот биланс на жртвите.

Во 8.15 часот белгиското радио ја прекина програмата и јави дека имало две експлозии на бриселскиот аеродром Завентем. Според првите сведочења, едно лице викнало нешто на арапски и се слушнале експлозии и пукотници. Целиот авионски сообраќај беше прекинат а на аеродромот се создаде вистинска паника.

Три бомби биле употребени во двојната експлозија а подоцна белгиската агенција Белга јави дека е најдено оружје на аеродромот но нема официјална потврда за оваа вест. Експлозиите се случиле во близина на шалтерот на белгиската авио компанија а не во близина на американската како што претходни беше јавено.

Аеродромот беше евакуиран и затворен и не е познато кога повторно ќе се воспостави авио собраќајот.

Министерката за здравство Маги Де Блок информираше дека на аеродромот загинале 11 лица а 81 биле ранети од кои некои многу тешко. Сведочењата кои пристигнуваат велат дека некои ранети останале без нозе.

Еден час подоцна, во 9.11 минути две експлозии одекнаа на метро станицата Малбек во близина на ЕУ институциите. Експлозијата се случи во метро вагон кој стоел на станицата. Полицијата веднаш го затвори целото бриселско метро и околните улици беа евакуирани и затворени.

Според последните информации во метрото загинале најмалку 23 лица а 70 се ранети.

Два часа подоцна обвинителството потврди дека се работи за терористички самоубиствен напад но се уште нема информации за терористите.

Сведоците од метрото тврдат дека експлозијата била силна а на местото на настанот дојде специјалната полиција.

Премиерот Шарл Мишел на Твитер напиша дека приоритет е да им се даде нега на жртвите а подоцна побара од населението солидарност и внимание.
Според една поранешна изјава на министерот за внатрешни Јан Јамбон, кога една терористичка ќелија е разбиена, како што се случи по апсењето на Салах Абделслам во петокот, се активира друга.

Метрото е затворено исто како и целиот јавен транспорт, сите железнички станици, сите шопинг молови а евакуирана е и зградата на белгиската влада. Евакуирани се и сите централни улици во Брисел и властите бараат од населението на излегува во централните и европските делови на градот и да не ги напушта работните места ниту училиштата.

Европската комисија јави дека минува на портокалово ниво на тревога што значи дека пристап во ЕУ институциите имаат само вработените.

Мобилната мрежа е преоптерена а операторите препорачуваат да се користат смс пораки и интернет.

По бриселските експлозии, францускот аеродром Руаси и северната железничка станица на Париз воведе посебни безбедносни мерки. Францускиот претседател Франсиа Оланд, премиерот Мануел Валс и министрите за внатрешни и одбрана се на состанок.

Првата реакција дојде од првиот човек на ЕУ Доналд Туск кој испрати сочувство до семејствата на жртвите и ја понуди солидарност и помош на европските институции со Брисел.

Шефицата на европската дипломатија која е во посета на Јордан, на прес конференција со шефот на јорданската дипломатија не можеше да ги спречи солзите поради бриселскиот терористички напад во кој жртви се невини граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.