Терористичката група Исламска држава (ИД) соопшти дека е автор на вчерашниот напад во Лондон во кој загинаа четири лица и повеќе десетици беа ранети.
“Авторот на нападот кај британскиот парламент во Лондон е војник на ИД и операцијата беше водена како одговор на повикот да се удира во земјите на меѓународната анти џихадистичка коалицијата”, напиша Амак, агенцијата за пропаганда на терористичката група Исламска држава. Агенцијата е повикува на “безбедносен извор”.
Помеѓу жртвите се наоѓа еден полицаец и напаѓачот терорист.
Седум лица се уапсени во рацијата на британската полиција во Бирмингем, која следи по вчерашните напади во Лондон, кога напаѓач прво со автомобил влета меѓу пешачи на Вестиминистеркиот мост, а потоа уби полицаец кој ја обезбедуваше зградата на Парламентот.