Published: Friday, January 15, 2016 14:00
Најбараниот белгиски терорист Салах Абдеслам, осомничен за учество во терористичките напади во Париз контактирал угледен белгиски адвокат, пренесуваат локалните медиуми.
Како што објави агенцијата Белга повикувајќи се на неименувани извори, Абдеслам стапил во контакт со адвокатот Свен Мари, кој пак не сакал да ја коментира информацијата.
Порталот Политико пишува дека доколку овие наводи се точни, тогаш Абдеслам најверојатно ја разгледува можноста да и се предаде на полицијата, која трага по него од ноември лани.
Се верува дека Абдеслам се наоѓа во Сирија, но разузнавачките служби се уште не го лоцирале.




