НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тешка 2021 година за земјоделците, а рекордна по инвестиции за надлежните

0
By Sashko on January 3, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонското земјоделство, за првпат од осамостојувањето на државата, влегува „обезглавено“ – без ресорен министер во новата година, чие назначување се очекува овој месец. Според надлежните, минатата година ќе биде запаметена по рекордно високите исплати и реализираните 203,5 милиони евра директно во земјоделството, додека таа за земјоделците е само уште една тешка година со покачени цени на репорматеријалите, ниски откупни цени, зголемени производни трошоци и силно изразени климатски промени.

Корона пандемијата, нагласуваат земјоделците, ги извади на површина сите слабости и проблеми кои се акумулираат со децении. Стануваме увозно зависни за храна, сè уште не е воспоставен стабилен систем на договорно производство и не се решени проблемите со откупот и со пласманот.

Во однос на кризата, земјоделците оценуваат дека замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи е добра, но задоцнета мерка што требала да се воведе порано. Тие најавуваат и поскапувања, посебно на лебот, млекото и месото.

Како што и се гледаат состојбите на терен, сликата ни малку не е светла во последните неколку години. Производните цени на земјоделските производи се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Од друга страна, земјоделците се изложени на негативните влијанија на климатските промени кои прават големи штети. Она што најмногу го погодува македонскиот земјоделец се ниските откупни цени и овој тренд е забележителен во последните десет години. Она што може да се дефинира како значајни проблеми и предизвици во пласманот се ниските откупни цени, неорганизираноста на земјоделците, нелојалната конкуренција која го има монополот на пазарот за откуп, непостоењето на договорно производство, ниското ниво на едукација и инвестирање во нови технологии, недоволата едукација за претприемништво, непостоењето постбербени технологии и продолжување на рокот на траење, недолните количини на одреден производ, малото учество на преробатувачките капацитети во откупот, неспроведувањето анализи на пазарите, малиот принос по единица површина, вели претседателката на Националната федерација на фармери (НФФ), Васка Мојсовска.

Според неа, производните цени се далеку повисоки од продажните, а тоа укажува дека немаме стабилен систем на храна што функционира во секакви околности и што е во состојба да обезбеди доволно и континуирано снабдување со квалитетна храна по достапни цени за потрошувачите.

Пандемијата предизвика драстичен пад на цените на одделни производи како јагнешкото месо, пченицата, грозјето, тутунот и тоа ја влошува економската состојба на малите земјоделци. Ние побаравме да се воведат ваучери за земјоделците кои не беа опфатени во владините мерки за справување со ковид-кризата и регистрираните земјоделци, исто така, да бидат опфатени во мерките за плата, како и поволните кредити што ги дава Развојната банка на РСМ, истакнува претседателката на Федерацијата.

Мојсовска се осврнува и на поддршката. Нагласува дека политиките, мерките и субвенциите треба да бидат креирани во насока на јакнење на оние земјоделци чија основна дејност е токму земјоделството, за да можат да произведуваат што повеќе, да го снабдуваат домашниот пазар, да реализираме извоз и да нема вишок храна.

Со Буџетот за 2022 година, Програмата за субвенционирање и Програмата за рурален развој не се нешто променети во однос на претходните години. Треба да се развиваат и јакнат синџирите за снабдување на храна од домашното производство. Насоката на Програмата за рурален развој е да се овозможи квалитетно производство, да се даде можност малиот земјоделец да инвестира во нови технологии за производство и во справување со климатските промени, подвлекува Мојсовска.

НФФ не гледа проблем во тоа што Министерството за земјоделство речиси два месеца е без прв човек, откако Арјанит Хоџа на 12 ноември поднесе оставка од функцијата.

Во овој период имаме интензивна комуникација со Министерството за земјоделство, бидејќи е крај на годината, се носат нови програми, се очекува и почнување на ИПАРД 3 програмата. Се оддржа и ИПАРД комитет, активно се одвиваа и состаноците на потсекторските групи. Немаше нарушување на динамиката во комуникацијата и кординацијата со нас како организација. Со Хоџа имавме добра комуникација. Сепак, не треба Министерството долго време да биде без министер кој по функција е прв човек и раководи со една од најзначајните институции за земјоделството и руралниот развој, вели Мојсовска.

Според извршната директорка на „Рурална коалиција“, Лилјана Јоноски, модернизацијата и конкурентноста на земјоделското производство остануваат главни предизвици на кои ќе треба да се работи цела 2022 година.

Ако направиме ретроспектива на 2021 година во секторот земјоделство, може да се заклучи дека станува збор за уште една тешка година за земјоделците, каде што освен покачените цени на репорматеријалите и зголемените трошоци за производство, годината беше тешка и од аспект на влијанието на климатските промени чии негативни ефекти особено во летните месеци низ периодот на суша беа исклучително тешки и многу негативно влијаеа врз земјоделското производство како во однос на приносот, така и во однос на квалитетот. Во претпоследното тримесечје од 2021 година беше забележано зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи за 0,7 отсто споредено со истиот период минатата година што, сепак, е минимално зголемување. Особено загрижува и фактот што продажбата на земјоделските производи од сопствено производство бележи намалување за 4,3 отсто што, пак, значи дека малите семејни земјоделски стопанства повторно се први на удар како и изминатите години, но посебно овие две пандемски години, напоменува Јоноски.

Според неа, дека состојбите во земјоделството се тешки, говорат и ниските цени на пченицата како стратешка култура, како и на оризот и јаболката.

И натаму зборуваме за состојби во кои немаме стабилни откупни цени, ниту навремени и реални исплати на субвенции и останата финансиска поддршка. И натаму отсуствува воведувањето календар на исплата на субвенции во време кога тоа им е најпотребно на земјоделците и во време кога ќе може да ги планираат трошоците, но и кога имаат најголема потреба од финансиска поддршка, потенцира директорката.

Изминатата 2021 година ќе ја одбележи и завршувањето на ИПАРД 2 програмата.

Се очекува искористеноста да биде повеќе од 60 отсто, но најголем дел од средствата или 28,4 милиони евра се потрошени за набавка на основна механизација. Дигитализацијата, иновациите, вложувањето во обновливи извори на енергија и натаму отсуствува, а тоа беше и еден од заклучоците донесени на последниот ИПАРД мониторинг комитет при презентацијата на достигнувањата од ИПАРД 2 програмата, посочува директорката на „Рурална коалиција“.

Таа вели дека најгорливи проблеми сè уште се долгиот временски период од моментот на аплицирање до моментот на одобрување на инвестициите, ниската кредитоспособност на малите семејни земјоделски стопанства, нестабилните цени, ниската финансиска стабилност, како и недоволната достапност на информации, логистичка и техничка поддршка при аплицирањето за финансиска поддршка.

Во 2021 година отсуствуваше и мерката 115 – финансиската поддршка за жените како активни носителки на семејни земјоделски стопанства, а и не беше објавен ниту повик за поддршка до 10.000 евра за малите земјоделски производители и оние што ќе почнат со развивање агро-бизнис во руралните средини иако беше промовирана како една од главните мерки за да се даде одговор на ковид-кризата во секторот. На почетокот на 2021 година беше донесена и новата Национална стратегија за земјоделство и рурален развој за период 2021-2027 година во која, меѓудругото, како стратешки приоритети се ставени и задржувањето и економското јакнење на младите земјоделци и на жените, како и прилагодувањето на секторот кон климатските промени, децидна е Јоноски.

На средбата со новинарите по повод сумирање на резултатите во 2021 година, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски рекоа дека годината ќе биде запамтена по рекордно високите исплати на средства во земјоделскиот сектор.

Вкупно 203,5 милиони евра се инвестирани директно во земјоделскиот сектор по разни основи. Во услови на светска економска и здравствена криза, земјоделскиот сектор беше силно поддржан од државата. Ниту еден од процесите немаше застој, сите програми и мерки имаа успешна и целосна реализација, рече Димковски и потенцира дека нема реална цена за трудот на земјоделците, дека тие немаат фиксно работно време, сезона на одмор, ниту паузи во процесот на производство но, затоа секогаш кога имало потреба, државата интервенирала во законски рамки и во рамките на буџетот.

Директорот Бачовски изјави дека Агенцијата во 2021 година остварила рекордни исплати по сите три програми, со што реализацијата на средствата е над 99 отсто, а преку ИПАРД 2 се склучени 507 договори со вкупна побарана сума од 16 милиони евра.

Анализите на Националната федерација на фармери за земјоделството и корона-кризата укажуваат на проблеми во дистрибутивните канали, зголемување на невработеноста во руралните средини и зголемување на стравот на населението за справување со пандемијата поради лошата инфраструктура, немањето болници и амбуланти во селата и за тоа како децата ќе ја продолжат едукацијата.

земјоделство Македонија Предизвици проблеми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.