Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тесна изборна битка во Бугарија

0
By НОВА ТВ on July 12, 2021 СВЕТ
Фото: nova.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од пребројани 98,92% од гласовите на предвремените парламентарни избори во Бугарија, води партијата „Има таков народ“ (ИТН) раководена од телевизискиот шоу-мен, Слави Трифонов, со освоени 23,91% гласови, додека партијата ГЕРБ на Борисов има освоено 23,69% гласови, што е тесна битка меѓу Трифонов и Борисов. Бугарската социјалистичка партија (БСП), според првичните резултати е трета со 13,51% од гласовите. Следна е Демократска Бугарија со 12,56%.

Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, изрази сомнеж во резултатите од синоќешните предвремени парламентарни избори.

-Во 11 часот Трифонов објавува влада. И вели чекам Радев да ми го прати мандатот. До тој период ГЕРБ е прва политичка сила, од каде знае Слави Трифонов што ќе се случи после? Централната изборна комисија од 7.30 часот сè уште нема објавено конечни резултати, а изминати се 17 часа. Се бројат два процента, вели Борисов.

Лидерот на ГЕРБ, смета дека водењето малцински кабинет со поддршка од 60 пратеници и без преговори со останатите парламентарни партии е практично невозможно.

– Со изјавата на Слави Трифонов дека ќе предложи малцинска Влада, тој, реално не сака да направи Влада, изјави Борисов.

Според Борисов, Трифонов требало да ги претстави своите приоритети пред останатите партии кои изборија учество во парламентот и да бара поддршка за одделни политики. Тој воопштно не очекува ИТН да формира Влада.

– Планот им е друг. Бојко Рашков (актуелниот прв човек на МВР н.з) да беснее на функцијата додека може, додека не исчепка сè што може. Тоа е играта на Румен Радев. Да остане техничката влада на власт. Тоа е сценариото, изјави Борисов.

Инаку, лидерот на ИТН, Трифонов, најави дека неговата партија ќе го преземе мандатот за форимрање Влада и ги претстави предложените министри. Тој најави дека нема да коалицира со другите партии и дека ќе предложи своја Влада. Трифонов, чија партија е во тесна трка со партијата на Борисов, ветува изградба на градинки, патишта, болници, а исто така посочи дека има голема желба и да испрати астронаути во Вселената.

Тесна изборна битка во Бугарија

Бугарија избори резултати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.