Си-Ен-Ен анализирајќи ги најчувствителните глобални политички прашања и ставови на двајцата претседателски кандидати, Хилари Клинтон- Демократска партија и републиканецот Доналд Трамп, има креирано тест: кои ставови од двојката повеќе ги поддржувате?
Како треба да се реши турското прашање, руската агресија и НАТО, нуклеарните закани на Ким Јонг-ун, како да се делува околу ирачкиот проблем, нуклеарната спогодба со Иран, што да се преземе околу ИСИС и Сирија, што ве загрижува најмногу околу Кина, што да се стори со мексичките имигранти без документи, дали е грешка авганистанската војна, дали беше добра идеја падот на Гадафи, што е вашиот приоритет за Кина?
За да го направите тестот, кликнете на овој линк- http://edition.cnn.com/interactive/2016/politics/global-headaches/




