Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тестирање за ковид-19 во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и „Идадија“

0
By Нова ТВ on April 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека од денеска се прават тестови за коронавирус и во Поликлиниката „Идадија“ што четврти пункт за граѓаните на Скопје по поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто и Чаир. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во главниот град. Од минатата недела во функција се и пунктовите во Штип, во Тетово, во Струмица, во Прилеп, во Охрид, во Куманово, во Кочани, во Битола, во Велес, во Кавадарци, во Гевгелија и во Струга, истакнуваат од Министерството.

Граѓаните, како што се посочува, одат во пункт за тестирање само во точниот термин што е закажан преку нивниот матичен лекар, а не директно во пунктот. Оние кои имаат симптоми на ковид-19, но и оние без симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар и прецизно да одговорат на епидемиолошката анкета. Согласно ова, матичниот лекар врз база на евалуација на здравствената состојба и податоците го спроведува тестирањето, односно укажува на тоа дали кај пациентот е потребно тестирање. Во овој процес, вклучени се близу 1.200 матични лекари кои освен за детекција се задолжени и за следење на пациентите, наведуваат од Министерството.

До крајот на неделата, почнуваат со работа и други пунктови во здравствените домови ширум државата, согласно големината на градот, што всушност значи тројно зголемување, потенцираат од МЗ. Од таму апелираат до граѓаните да даваат веродостојни и точни информации за нивната здравствена состојба во епидемиолошката анкета и да ги почитуваат мерките од надлежните институции за заштита од коронавирусот.

Коронавирус Министерсво за здравство Поликлиники Пунктови тестирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.