Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетекс и Шкендија во недела пред празни трибини

0
By Нова ТВ on May 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако два пати се враќаа во соблекувалните а на терен одиграа само 20ина минути од финалето на Купот на Македонија, екипите на Шкендија и Тетекс, по втор пат ќе ги измерат силите за трофејот во недела во 20:00 часот пред празни трибини.

Оваа одлука е донесена денеска откако вчера финалето беше прекинато поради националистичките испади и кршење на кодексот на навивање на навивачките групи, „Војводи“ и „Балисти“.

Пред почетокот на вчерашниот натпревар, ФФМ упати јасен апел до сите оние кои ќе бидат присутни на Филип Втори дека доколку се пејат било какви националистички песни натпреварот ќе биде прекинат.

Агенцијата за млади и спорт на РМ преку соопштение ја поддржа одлуката за прекин и го осуди скандалозното однесување на навивачите како и исвиркувањето на националната химна од страна на таканаречините „Балисти“ навивачи на ФК Шкендија.

– За жал и покрај сериозните подготовки и ангажирање на клубовите, локалната самоправа и Федерацијата, сепак Финалето на Купот на Македонија во фудбал беше искористен за манифестирање на политички и националистички пораки, зачинети со насилничко и недолично однесување на поединци и дел од навивачките групи, кои ја поминаа границата на спортско навивање, со што сами се класифицираа во хулигани, кои не ги интересира спортот и спортскиот натпревар, се вели во соопштението.

Инаку, финалниот натпревар ќе започне од првата минута без оглед на тоа што вчера се одиграа околу 20 минути до конечниот прекин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.