Утринава, во тетовското село Селце, син со секира ја убил својата мајка, информира полицијата.

-Денеска околу 8, 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил неговата 73-годишна мајка Н.Д, вели полицијата.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина, информираат од МВР.

Осомничениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

-По наредба на Јавен обвинител, безживотното тело на Н.Д. предадено е за обдукција. Во текот на денов осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, појаснуваат од МВР.