Елмир М. Мустафаи од Тетово, магистер по сообраќај, транспортно планирање и инжинерство, е првиот македонски ревизор за безбедност на патиштата во Македонија. Тој го полагаше испитот на Факултет за сообраќај во Загреб, каде претходно мина и обука, а бил оценуван од комисија составена од двајца претставници од Словенија и тројца од Хрватска.

„Согласно Директивата на Европската комисија, секоја земја-кандидатка за ЕУ е должна да врши ревизии за безбедност на патиштата односно на сите нејзини државни патишта што минуваат низ Европските ТЕМ коридори. Ревизијата за безбедност на патиштата се спроведува врз основа на студија за сообраќај на патишата, идеен проект, основен градежен проект и проект за реализација, пред пуштање во употреба на патот и неколку месеци по пуштање во употреба, изјави Елмир Мустафаи.

На крајот на 2018 година, направени се измени во Законот за јавните патишта на Македонија во согласност со европските директиви, со што државата е должна државните патишта да бидат предмет на ревизија во однос на безбедноста.