Во тетовската полиција денеска претпладне 39-годишна жена се пријавила дека половина час претходно, со употреба на тврд предмет, го убила нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг.

– Во 11:35 часот во СВР Тетово А.С. (39) од Тетово пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово извршила убиство на нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг А.И. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет, се наведува во полицискиот билтен.

На местото на настанот извршил увид Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а безживотното тело е предадено за обдукција. По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава