Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетово денеска: Главните проекти на хартија и инфраструктура што не се одржува

0
By Нова ТВ on February 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пробивање на булеварите, решавање на проблемот со дивите депонии, функционирање на јавниот градски превоз, реконструкција на сообраќајната делница „Гоце Делчев“ која ги поврзува сите населби од стариот дел на градот, решавање на проблемот со православните гробишта во Тетово и недостиг на паркинг места. Овие се едни од најгорливите проблеми во Тетово, а ги има многу, кои со децении ги мачат тетовци, а градските власти изминатата деценија постојано ветуваа дека ќе се решат.

Кога ги гледате или ги читате оптимистичките најави на властите за реконструкција и изградба на горенаведените проекти, добивате впечаток дека веќе се решени или ќе се решат наскоро. Но, кога ќе појдете на лице место, ќе видите дека проблемите си стојат, ниту еден проект не е поместен од мртва точка.

Од четирите булевари во Тетово, три не се пробиени

Главните сообраќајни артерии на Тетово, булеварите „Илинденска“, „Благоја Тоска“ и „Индустриска“ се запушени околу четири децении кога се изградени нивните први краци. „Индустриска“ завршува кај спортскиот центар, па целиот сообраќај кон Косово и кон селата од руралните општини од тетовско мора да помине низ градот создавајќи дополнителни гужви, но и поголемо аерозагадување. Слична е состојбата со останатите три булевари.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која ја доби довербата од тетовци по вторпат, веќе шеста година на граѓаните им ветува дека пари ќе се одобрат или веќе се одобрени од Светска банка за довршување на „Индистриска“, а дел од „Благоја Тоска“ ќе се пробие, откако ќе се заврши со процесот на експропријација на земјиштето на сопствениците на домови каде треба да поминува делницата. Но, на терен не се случуваа никакви активности.

Последното ветување за булеварите Арифи го даде пред неколку недели за време на новогодишниот отчет.

„Ќе продолжиме со градежните работи за пробивање на булеварите „Индустриска“ од спортскиот центар до градската касарна, а со тоа ќе се овозможи и алтернативна вон-градска рута за тешките товарни возила кои, покрај сообраќајниот хаос, значително придонесуваат за загадување на амбиенталниот воздух. На пролет ќе започнеме со експропријација на имотот на граѓаните за отворање и пробивање на булеварот „Благоја Тоска“, од Клиничкиот центар до крстосницата на текстилното училиште, кој воедно е еден од најважните проекти за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж во градот“, истакна Арифи во отчетот за сработеното во 2019 година и плановите за 2020 година.

Таа, како и многу пати досега, додаде дека оваа година ќе се воведе јавниот градски превоз, преку одобрување на средства од програмата МСИП2 во износ од 72.500.000 милиони денари за набавка на пет автобуси. Такси превозниците, кои ја знаат и следат состојбата во сообраќајот, не веруваат дека ќе се остварат најавите на градските власти, поради нивните безброј неисполнети ветувања, но и немањето на практични можности проектите да се преточат во дела.

„Постојано велат дека ќе се пробијат булеварите и ќе се воведе јавен превоз, но нема ништо од тоа. Не знам како планираат да го пробијат булеварот „Индустриска“ кога кај делот каде треба да се спои со булеварот „Благоја Тоска“, долж тетовската касарна, нема доволно широчина за пробивање на делница со две ленти. Потоа велат јавен градкси превоз, каде ќе бидат постројките на тој превоз кога не можеш низ тетовските улици ни игла да фрлиш. Ние таксистите нема каде да застанеме да земеме или оставиме патници, а камоли автобус да застане“, вели еден таксист со долгогодшно искуство кој сакаше да остане анонимен.

 

Слични ветувања имаа градските власти и за улицата „Гоце Делчев“, која ги поврзува сите населби од стариот дел на Тетово. Граѓаните велат дека од властите секоја година добиваат ветување за реконструкција на улицата, која навидум изгледа како оф-роуд патека.

„Тука возилата ги испокршивме, велат дека, преку некои фондови и министерствата, ќе се реконструира улицата, но нема ништо од тоа. Ние како да не сме граѓани од овој град“, вели жител од тетовската населба Поток.

Во Тетово ни за живите ни за мртвите властите не водат грижа

Самата слика покажува каква е состојбата со новите градски православни гробишта во атарот на село Фалише, локација што беше избрана во 2006 година, поради недостиг на гробни места на старите градски гробишта во Тетово. Но, и по 13 години откога е тука погребан првиот тетовец, состојбата со гробиштата е, речиси, иста. Местото е неуредено, нема никаков објект, ниту пак тоалет.

Со градските гробишта управува Јавното комунално претпријатие Тетово. Оттаму велат дека во рамки на нивните можности го уредуваат местото, но очигледно според сликата и немаат многу можности. Градоначалничката Арифи, пак, секоја година најавува дренажа, хортикултурно уредување на просторот и изградба на затворен објект, но локацијата сè уште е како запуштена ливада.

Фото: tetovoinfo.mk

Сериозни чекори не се преземаат и во врска со недостигот на паркинг места во градот, каде со години зонското паркирање тапка во место, односно е воведено само на дел од двата главни булевара, а за изградба на катни гаражи не се ни размислува. Но, и покрај ваквата состојба, Арифи се пофали со некои реализирани проекти во 2019 година што ги оцени како клучни за иден развој на градот.

„За да ја подобриме целокупната патна инфраструктура во општината во текот на 2019 година, реализиравме асфалтирање и јавно осветлување на главната улица во Мала Речица, го изградивме патот, тротоарите и осветлувањето во „Блок 4“ во населбата Дреновец, со осум милиони денари го изградивме мостот на патот Шипковица-Бродец, а во соработка со централната власт целосно го асфалтиравме патот Тетово-Попова Шапка и булеварот „Индустриска“ во должина од 4 километри. Со кофинансирање на Министерството за локална самоуправа и Општина Желино започна реконструкцијата и асфалтирањето на локалниот пат Тетово-Требош“, рече Арифи.

Реализираните проекти со кои се фали Арифи покажуваат дека општината со средства од градскиот буџет има асфалтирано и реконструирано улици и тротоари, останатите поголеми проекти или се инвестирани од централната власт, или пак се изработени само на хартија.

И тоа што е донирано и дадено општината не го чува и одржува

Пред неколку години, невладини организации со поддршка на германската амбасада, поради екстремно загадениот воздух, на Тетово му донираа градско еколошко дрво што не издржа ниту една година. Иако беше поставено во центарот на Тетово, садниците од дрвото кои имаа задача да ги апсорбираат штетните честички од возухот или се исушија или беа украдени. Кој ги земаше садниците можеше многу лесно да се открие поради локацијата на дрвото на која има неколку камери, а голем дел од садниците се исушија, пред се, поради негрижата на Јавното комунално претпријате Тетово, кое требаше да го одржува системот за наводнување и да го наводнува самото дрво.

 

Општинските власти неколку години се правдаа дека системот е во дефект и дека ќе биде саниран за враќање на дрвото во животот. Но, каква е состојбата со ова еколошко дрво во форма на билборд, може да видите од самите слики.  

Друг пример е лизгалиштето поставено на градскиот плоштад во Тетово. Истото како и низ многу други градови во Македонија го постави австриска фирма преку и со финансии од Агенцијата за спорт и млади (АМС). Но, сите лизгалишта низ државата беа пуштени во употреба, само тетовци не се израдуваа. За време на новогодишната прослава од употребата на пиротехничките средства тоа беше оштетено, а инсталацијата изгорена. Но, и по неколку недели, штетите не се санираа.

Од АМС ни рекоа дека тие ги финансираат лизгалиштата, а обврска на општините е да ги чуваат и одржуваат, што не беше случај со тетовската градска власт од каде не добивме одговор каде е пропустот за негрижата на лизгалиштето. 

инфраструктура општина проекти Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.