Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тевдовски: Зголемувањето на акцизата на нафтата е економски оправдано

0
By Нова ТВ on November 6, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 6, 2017 14:45

Министерството за финансии смета дека воведувањето на акцизата кај нафтата од три денари од 1 јануари наредната година е економски оправдано и предложеното решение не треба да се повлече.

– Отворени сме кон јавноста. Треба да се почитува тоа што првпат во историјата на Македонија на незатворен буџет од Владата излегуваме и ги соопштуваме нашите ставови. Околу акцизата мислиме дека економските толкувања ги дадовме и има простор за зголемување. Досега не слушнав некој став кој дава друга економска логика во тоа, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски запрашан денеска дали може да биде повлечен предлогот за зголемување на акцизата на нафтата за три денари.

Истакна дека Министерството за финансии го дава предлогот и оти цврсто стои зад него.

– Во Македонија првпат од 1991 година имаме дебата и во медиумите, а интересните групи ги кажуваат своите ставови и тоа е добро и тоа може да води напред. Но, мојот став е дека мора да гледаме повеќе од една година. Да го гледаме поголемиот период и да кажеме каде сакаме да се движиме. рече Тевдовски.

Посочи дека со буџетот за 2018 година првпат по многу години почнува да се прави фискална консолидација во Македонија.

– Имаме буџетски дефицит од 2,9 отсто и се оди на 2,7 проценти. Ни треба нешто на приходна страна за тоа да се направи и главата тема од аспект на финансии треба да биде таму, рече Тевдовски.

Акцизата се воведува од 1 јануари кај дизелот и кај екстра лесното масло за домаќинства, затоа што, како што појасни минситерот, главната буџетска импликација е кај дизелот, но зголемувањето на акцизата кај екстра лесното е затоа што тие треба заедно да се движат и да не се одвојат многу, бидејќи може неправилно да се користи.

Предлогот на Министерството за финансии треба да се гласа од страна на Владата, а Предлог-буџетот од Владата до Собранието да биде испратен најдоцна до 15 ноември.

Во однос на зголемувањето на платите само во одредени сектори, рече дека во моменов од аспект на финансиски можности на државата приоритет се зголемувањата во образованието и здравството, како што е предложено по пет проценти.

– Платите и на наставниците во основно и средно образование и во градинките треба да бидат многу повисоки, но го правиме првиот чекор, правиме зголемување и на докторите и на медицинските сестри. Знаеме дека треба да бидат повисоки, но од аспект на можности на државата го буџетираме тоа, рече Тевдовски.

Додаде дека предвидени се и зголемувањата кои се законски утрдени зголемувања, односно усогласувањето на пензиите.

Министерот соопшти дека заклучно со октомври има добра наплата на приходите во Буџетот и оти очекува тоа да продолжи, а државната каса да биде во добра состојба.

Акциза за нафтата Тевдовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.