Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тезгаџиите од 2019 година ќе мора да имаат легитимации

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 ЕКОНОМИЈА
bektesi tezgi
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тезгаџиите ги поздравуват најновите подзаконски акти за регулирање на зелените пазари, но сметаат дека тие ќе бидат поволни за нив само ако вкупните давачки останат максимум 2.000 денари, како што е сега предвидено.

Повеќето тезгаџии се запознаени дека ќе мора да имаат легитимации ако сакаат да продаваат на пазар, но не знаат кога треба да ги извадат и од кога почнува нивната примена.

Од Комората на трговци информираат дека издавањето на легитимациите ќе почне наскоро, а нивната употреба најверојатно ќе стартува од 2019 година.

– Ако се во прашање 2.000 денари, нема да имаме проблем со легитимациите и секој од нас ќе извади, но ако давачките од време-на време се зголемуваат и достигнат 6.000 – 7.000 денари, сигурно ќе има проблеми и сите ќе се откажат, вели Нехат Ајредини кој има тезга и продава на Бит пазар.

Според Сали Мамер, исто така, тезгаџија на Бит пазар, воведувањето легитимации за пазарџиите е добро решение.

– Порано имавме постојано средби со Комората на пазарџии, сега не толку често. За легитимациите сме информирани, но не знаеме од кога ќе се воведуваат, истакнува Мамер.

Тезгаџиите денеска ги посети министерот за економија Крешник Бектеши кој претходно одржа средба со претседателот на Комората на трговци Екрем Долек во Друштвото на пазарџии.

Бектеши информира дека подзаконските акти на Законот за зелените пазари се усвоени и ќе бидат објавени во Службен весник.

– Со ова практично имаме вин – вин – вин ситуација. Ќе добијат трговците чиј долгогодишен проблем ќе се реши, ќе добие Владата со намалување на нелојалната конкуренција, но ќе добијат и граѓаните преку уште подобар квалитет на производит и сигурност, потенцира министерот.

Долек оцени дека новиот Закон за зелените пазари е многу добар, евтин и лесен за примена. Со него се решава голем проблем кој бил извор на нелојална конкуренција и сива економија три децении. Изминативе 30 години, напомена Долек, секој работел како што знаел и умеел и не бил подложен на плаќање давачки, па природно е сега да се очекуваат реакции и извесно незадоволство.

– Се случува голема работа од осамостојувањето на Македонија. Проблемот наречен пазар имаше нерешен статус и секој работеше на своја глава. Тоа беше извор на нелојална конкуренција и сива економија. Очекувам во многу брза иднина сите овие негативни појави да бидат минато, да се подобрат услугите кон граѓаните и да се нудат поквалитетни производи, напомена Долек.

Во врска со легитимациите, дополни дека кога на тезгаџиите добро ќе им се објасни што значи тоа, а што фискализација, тие сигурно со големо задоволство ќе ги прифатат.

– За фискализација, освен купување посебна каса, се плаќаа и уште најмалку 600 евра годишно за сметководство. Плус, придонеси за гарантиран личен доход од минимум 5.000 денари. Сега, цената на легитимациите иако не е уште одредена, ќе биде минимална. Тоа го гарантирам, и ќе биде донесена во согласност со пазарџиите, посочи Долек, додавајќи дека целта на ваквото решение не е некој да се збогати, туку конечно да се решат проблемите и системот да функционира.

За нелегалните продавачи надвор од пазарите, тој е дециден дека инспекциските служби со новиот Закон ќе мора да делуваат и нема да имаат никакво оправдание за евентуално нереализираната обврска.

Законот за зелените пазари стапи во сила пред неколку месеци, но неопходни беа подзаконски акти за допрецизирање на одредбите со цел негова ефикасна примена во пракса. Законот, според Долек, базира на барањата на тезгаџиите од 2005 и 2006 година, а за неговото донесување биле потребни само добра волја и реално согледување на состојбите.

легитимации Пазар тезгаџии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.