Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тиквешките лозари бараат да се прогласи елементарна непогода поради сушата

0
By Нова ТВ on August 30, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 30, 2019 12:51

Сушата го намалува родот на лозјата во Тиквешко, особено на насадите кои не се наводнуваат, реагираат лозарите. Бараат да се прогласи елеменатрна непогода зашто на некои места, како што велат, има штети и преку 90 отсто.

За МИА изјавија дека со ваков проблем се соочуваат земјоделци од повеќе месности.

-Сушата го зема својот данок од месноста Белград, каде се наоѓаат едни од најубавите лозја во Тиквешијата, кои даваат извонредно грозје, од кое се прават едни од најубавите вина и ракии во најголемиот лозаровинарски регион во државата. Не залудно винарите белограѓани се опеани и во песната Билјана платно белеше. Овде, кога има доволно влага, е вистинска оаза. Сега поради сушното лето, овој дел се направи како пустина, нагласи Диме Соколов.

Додаде дека со години чекале и овие површини да добијат систем за наводнување.

-Претставниците на одделни винарии велат дека годинава ќе има вишок на грозје, па нема да може да се откупи целото, па затоа цената да биде пониска. Ние лозарите сметаме дека тоа се само манипулации, чисти лаги. Според нас, родот на винските сорти годинава ќе биде намален за педесетина проценти. Поради сушата, родот што го има кај трпезните сорти, освен што е намален таму каде што нема систем за наводнување, не е ниту за продажба поради лошиот квалитет. Така да, десертно грозје, наместо да заврши на трпезите, ќе мора да да заврши во казаните како ракија. А ако се пече ракија, после тоа нема да може да се носи по пазарите за да се продава. Третирани сме, сметаме, што би се рекло, како криминалци. А мораме тоа грозје да го вариме во ракија, за да можеме да вратиме дел од трошоците. Или, да го оставиме грозјето на лозјето. Друго чаре нема. Устата веќе пења ни фати, секоја година едно исто повторуваме, незадоволство од цените за килограм грозје. За овие дваесетина години, само трошоците ни се покачуваат. Дојдени сме до дното. Подолу веќе не може да се оди, нагласи Соколов.

Доплни и дека покрај тоа што грозјето имало технолошка зрелост, одделни винарии тактизирале и доцнеле со откупот, па со секој нов ден, родот губел и во квантитет и во квалитет.

Според Дане Јошев, надлежните треба да размислат околу евентуално прогласување на сушата за елементарна непогода.

-Бараме да се прогласи елеменатрна непогода во Тиквешијата зашто на некои места има штети и преку 90 отсто. Освен во месностите Белград и Овчка Река, штети има и во други делови. Краиште, Модри стени кај Брушани, брушански и ресавски атар и други. Според нашите сознанија, над 50 отсто од површините се изгорени. Државата да помогне, бидејќи сме во загуба, апелираше Јошев.

Реагираа и други лозари и земјоделци погодени од неповолните климатски промени и од штетите во нивните земјоделски имоти, а дека сушата предвреме го „собрала“ родот од лозови плантажи во Тиквешко, потврдуваат и двете здруженија на лозари.

Производителите на грозје пак најавија дека ќе собираат потписи и со петиција ќе бараат лозарска правда. Ова го истакнаа денеска од Здружението „Напредни лозари” од Кавадарци.

– Винариите веднаш да ги истакнат цените на винско грозје кои ќе бидат барем минимум два денари повисоки од ланските. Владата да донесе одлука дополнително да помогне со два денари. За наредната година да се истакнат гарантирани минимални заштитни цени кои нема да бидат под производната цена. Цените догодина да се истакнат пред закројувањето, најдоцна до Св. Трифун,  за да видат лозарите дали воопшто да ги кројат лозјата или да ги копачат.

Се надеваме дека ќе бидат удоволени нашите барања за доброто на лозарите, сите граѓани на Тиквешкиот регион и државата. Секоја друга опција како штрајкови, копачења на лозјата, ќе бидат штетни за сите, информираа од Здружението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.