Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска дискретно ја посети новата Амбасада на САД во Лондон по острите критики на претседателот Доналд Трамп, кој одби да присуствува на нејзиното официјално отворање.
Уште пред пристигнувањето на Тилерсон, Стејт департментот увери дека нема да има свечено отворање или официјална церемонија по повод неговата посета на Амбасадата, отворена пред една недела. Завршните работи се уште траат, и фоајето и други места се уште се расчистуваат, изјави во петокот висок американски претставник во Вашингтон.
Откако ја откажа посетата за свеченото отворање, планирано за февруари, Трамп предизвика сличен гаф во односите меѓу традиционалните сојузници САД и Велика Британија. Претседателот ја критикуваше новата Амбасада како премногу скапа и ексцентричнa, но и ако дојдеше во Лондон, постоеше опасност да биде пречекан со непријателски демонстрации.
Во соопштение во пресрет на посетата на Тилерсон, британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон ги повика Британците да го прифатат Доналд Трамп, кој се уште го нема посетено Обединетото Кралство како претседател и покрај „специјалните односи“ меѓу двете земји.
Се очекува на денешната средба Џонсон и Тилерсон да „ги потврдат специјалните врски“, а според Вашингтон, тие ќе разговараат претежно за Иран и за Сирија.
Американскиот државен секретар утре ќе ја продолжи мини турнејата во Европа со посета на Париз.




