Published: Tuesday, December 12, 2017 19:14
Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, е оптимист во врска со преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја, соопшти претставник на неговиот кабинет, кој побарал анонимност.
– Секретарот е голем оптимист дека можеме да постигнеме денуклеаризација преку преговори. На тој пат сме и ќе продолжиме, нагласи претставникот.
Тилерсон минатата недела на средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, изрази задоволство од санкциите наметнати од ЕУ против Северна Кореја.
– Ја поздравуваме единствената порака на ЕУ против Пјонгјанг, економскиот притисок ќе продолжи се додека не се промени курсот на Северна Кореја, изјави тогаш американскиот државен секратер.




