Отсекогаш сум размислувал многу за смртта. Не знам колку луѓе можам да убијам, но ќе се потрудам да земам со себе што е можно повеќе, напишал Бекмансуров. Тој е уапсен, но за време на апсењето пружал отпор, поради што е ранет.

Tимур Бекмансуров е идентификуван како напаѓачoт кој уби осум и рани шест лица во универзитетскиот кампус во Перм, Русија. Облечен од глава до петици во црно, со заштитна црна кацига на главата, фантомка и пушка во рацете тој влегол во Државниот универзитет и пукал во студенти и професори.

Присутните се обиделе да побегнат низ прозорците, а некои се сокриле во просториите внатре во зградата на факултетот.

Самиот Бекмансуров се забарикадирал во една од училниците.

Наводно, Бекмансуров има 18 години и веќе некое време го планирал нападот. Својот манифест го објавил на социјалните мрежи, а започнал да пука од пушката пред влезот на факултетот.

– Се мразам себеси и ќе го повредам секој кој ќе ми застане на патот. Забраната за оружје нема да ве спаси. Ќе ве убие автомобил, бомба, нож. Некое „ѓубре“ како мене ќе уништи сѐ околу вас – наведува младиот човек во својот наводен манифест.

– Отсекогаш сум размислувал многу за смртта. Не знам колку луѓе можам да убијам, но ќе се потрудам да земам со себе што е можно повеќе, напишал Бекмансуров.

Тој е уапсен, но за време на апсењето пружал отпор, поради што е ранет.

Снимката што се појави по неговиот „крвав пикник“ е вознемирувачка: крв на сите страни, а неподвижни тела лежат на земјата.