Млада девојка е извлечена од урнатините на урната зграда 248 часа по земјотресот што ја погоди јужна Турција, додека надежите за повеќе преживеани избледуваат.
Спасувачите ја пронашле жива Алајна Олмаз (17) под урнатините во областа Дулкадироглу во провинцијата Кахраманмарас.
Таа е префрлена на лекување во болница, јавува Анадолија.
Државната телевизија ТРТ Хабер објави за ова спасување, пренесе Ројтерс.
Повеќе од 42.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари.
Земјотресите со јачина од 7,8 и 7,6 степени на 6 февруари, со центар во провинцијата Кахраманмарас, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфу и Елазиг.