Повеќе илјади приврзаници на опозицијата во денеска во Тирана протестираа против актуелната албанска влада за, како што е речено, осиромашувањето на Албанците и се потешкиот живот во земјата.
Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, го обвини премиерот Еди Рама за социјалните тензии во земјата поради како што рече зголемување на даноците, цената на електричната енергија, нафтата и други производи.
Баша истакна дека тандемот Рама – Мета треба да си замине бидејќи не го почитува она што го вети на изборите.
На големиот протест на опозицијата, претседателот на Демократите потоа додаде дека протестите кои се одржаа денеска пред Владата, ќе продолжат се додека власта не го промени ставот околу порастот на даноците и цените.
На протестот, за кој организаторите соопштија дека имало 200 илјади луѓе, се обрати и претстедателот на албанските синдикати Гзим Калаја кој ја обвини социјалистичката влада за големо осиромашување на народот.
Само еден час по протестот премиерот Еди Рама изјави дека Владата нема намера да се повлече од започнатите реформи




