НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тито Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 12, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател.

Петковски вели дека постапката на дел од неговите сопартијци не само што е нестатутарна, таа не е ниту во духот на партискиот договор, односно Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на делегати за петтиот конгрес на НСДП. Настрана што партискиот Статут е јасен –  до конгресот и избор на нов лидер со партијата раководи сегашниот претседател, а на шестата седница на Централниот одбор се донесе одлука за формирање на Одбор за подготовка на Петтиот Конгрес

Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота.

– На седницата на Одборот за подготовка на петтиот конгрес , според Статутот, ние имаме обврска само да предлагаме, но не и да утврдуваме кандидати. Тоа што како информација е испратено од седницата дека Горан Мисовски е единствен кандидат не се случи додека јас бев на седницата. Со оглед на тоа што се разви дебата, се договоривме таа да продолжи во сабота на седницата на Централниот одбор. Изненаден сум од оваа постапка на моите партиски соработници, изјави Петковски.

Во соопштението до медиумите што претходно беше испратено на меморандум од НСДП, се вели дека за единствен кандидат за претседател на партијата бил утврден пратеникот и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски.

„Предлог-одлуката беше усвоена со мнозинство гласови, односно со 10 гласа ЗА од вкупно 17 члена на Извршниот одбор“, се наведува во сопштението со кое дел од сопартијците на Петковски, десет на број  со свои потписи потврдуваат дека стојат зад таа одлука, но очигледно е дека потпис од лидерот во заминување нема.

Кристијан Трајковски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, за кого завчера Нова објави дека доставил официјална кандидатура и програма исто така смета дека одлуката за единствен кандидат за лидер не е статутарна. Тој е дециден дека нема да се повлече и дека тој засега е единствен кандидат кој поднел кандидатура согласно Правилникот, а тоа значи дека доставил и програма.

Тито Петковски, кој 17 години ја предводеше НСДП, неодамна зборувајќи за неговото повлекување изјави дека на партијата и треба нова енергија и луѓе што ќе може да комуницираат со многу повеќе мотив за претставување на НСДП. На конгресот во јуни се очекува, освен претседател на партијата, да се избираат и нови членови на Централниот и на Надзорниот одбор, како и тројца потпретседатели и секретари.

Стојанка Митреска

 

избор на лидер кристијан трајковски Тито ПЕтковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.