Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тито Петковски: Кристијан Трајковски е разрешен од суета и реваншизам!

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Крајно некритичниот однос на Владата кон раководствата на партиите што ја поддржуваат, кога станува збор за кадровскиот потенцијал, без сомнение, широко и ја отвара вратата на партократијата, наместо на демократијата. Горан Мисовски е пратеник во Собранието, а Владата е со тенко мнозинство и евентуален конфликт со него би бил на штета на Владата, порачува Тито Петковски кој 17 години го водеше кормилото на НСДП, партија која неодамна избра ново раководство и нов претседател Горан Мисовски.

Реакцијата на долгогодишниот лидер на НСДП Петковски е поради разрешување на Кристијан Трајковски кој од 2017 година беше директор на Јавното претпријатие со станбен и деловен простор и противкандидат на Мисовски во битката за лидерската позиција.

Во продолжение реакцијата на Тито Петковски интегрално:  

На новото раководство на НСДП не му требаат непријатели, самото ќе си ја растури партијата.

Првиот потез што го повлече новоизбраното раководство на НСДП на Конгресот од 4 јуни беше барањето упатено до Владата на РСМ за разрешување на Кристијан Трајковски од функцијата генерален директор на Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Не би имало ништо чудно во тој чин, доколку не станува збор за досегашниот генерален секретар на НСДП. Гревот на Кристијан Трајковски е што се јави како противкандидат на Горан Мисовски за претседател на партијата на неодамна одржаниот конгрес на НСДП. При тоа, во предлогот упатен до Владата, не се наведува ниту една причина за негово разрешување, ниту пак некоја забелешка на неговата работа како генерален директор на јавното претпријатие или како генерален секретар на партијата. Лична суета и чист реваншизам. Па, како тоа некој да се дрзне и да му се спротивстави и да му биде конкурент за местото претседател на партијата ,на „големиот народен трибун” Горан Мисовски. За политичката култура и демократскиот капацитет на новоизбраното раководство на НСДП не сакам да говорам и тоа не е најважното во овој момент.

Самиот однос на новото раководство на партијата кон својот досегашен генерален секретар, дава јасен одговор на прашањето. Многу повеќе ме загрижува штетата што самото новоизбрано раководство и ја прави на партијата. Пораката е јасна кој ќе му се спротивстави на претседателот на партија, мора да смета на вакви последици. Иронијата да биде поголема, станува збор за врвен демократски чин, избор на претседател на партија во услови на статутарни обврски за конкуренција, односно повеќе кандидати.

Ваква штета на партијата и нема направено ниту една друга партија или друг фактор од надвор. Не е обична флоскула синтагмата – без внатрепартиска демократија, нема парламентарна демократија, ниту пак демократско општество. Иако, за ваквиот потег, новото раководство на партијата нема ниту едно рационално оправдување, уште помалку може да се оправда промтната реакција на македонската Влада.

Истиот ден,кога го добила предлогот за разрешување на Кристијан Трајковски, не губејќи време, веднаш го разрешила. Без елементарна информација за основаноста на барањето и без да го информираат дека има такво барање, по брза постапка го разрешуваат. До толку е позагадочно тоа што станува збор за човек кој со успех ја извршувал функцијата на генерален директор со образование магистер по економски науки. Мене ми е разбирлива реакцијата на Владата, но не можам да најдам рационално оправдување.

Горан Мисовски е пратеник во Собранието, а Владата е со тенко мнозинство и евентуален конфликт со него би бил на штета на Владата. При тоа, Владата на некоректен начин ги обесхрабрува младите, образовани и успешни кадри.

Конечно, крајно некритичниот однос на Владата кон раководствата на партиите што ја поддржуваат, кога станува збор за кадровскиот потенцијал, без сомнение, широко и ја отвара вратата на партократијата наместо на демократијата, пишува Тито Петковски во својата реакција.

С.М.

 

Влада кристијан трајковски Тито ПЕтковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.