Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТНТ:Судењето одложено, казна за адвокатот Тасевски-не дојде на рочиште

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 29, 2018 12:55

Денешното рочиште за предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, е одложено за 10 септември, бидејќи  бранителот на поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, Боро Тасевски, не се појави во судницата, за што од судијата Огнен Ставрев доби  парична казна во висина од 1.000 евра, во денарска противвредност.

Веднаш по почетокот на рочиштето судијата Ставрев даде пауза од половина час со цел Трајковски да го повика неговиот бранител или да назначи нов бранител за денешното рочиште.

По паузата, Трајковски нагласи дека стапил во контакт со Тасевски и дека тој сепак не може да присуствува на рочиштетот бидејќи е во одбраната на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за случајот „Тенк“.

Судијата Ставрев го одложи судењето за 10 септември поради необезбедена одбрана на обвинетиот Трајковски и одреди парична казна за Тасевски, поради, како што посочи тој, навреда на судот.

За предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Тасевски: Закажувањето на рочиштата е незаконски

Адвокатот Боро Тасевски по рочиптето изјави дека начинот и динамиката на кој се закажуваат рочиштата за предметите што ги води СЈО, се комплетно незаконски.

– Има предмети кои по никаков основ немаат приоритет, не се притворски и нема зошто да бидат закажувани толку често, од ден за ден, па дури и стотина рочишта да се закажуваат однапред, истакна Тасевски, посочувајќи дека поради начинот и динамиката на кој се закажуваат рочиштата ќе има преклопување на многу судења.

Тој нагласи дека на тој начин се онеовозможува одбраната да присуствува на сите оние рочишта и на сите оние предмети каде што клиентите изразиле желба да бидат бранети конкретно од него, наведувајќи дека, во иста ситуација се и други негови колеги.

– Со ваквото незаконско, според мене, форсирање и незаконска динамика на закажување на овие рочишта се повредува, како правото на одбрана на обвинетите, така и правото на бранителите да ја остваруваат својата функција и да ги бранат своите клиенти, што согласно етичкиот кодекс на адвокатурата мора да го чинат и не смеат да одбијат клиент кој изразил желба да биде бранет од нив, истакна бранителот на Трајковски.

Запрашан зошто наместо во одбрана на Трајковски, тој одлучил да присуствува на рочиштетот за предметот „Тенк“, како бранител на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, тој одоговори дека „тоа го сторил изричито по нејзино барање, бидејќи таа е во многу тешка сосотојба и не може самата активно многу да учествува и многу време да посвети на својата одбрана“.

– На денешното рочите за „Тенк“ беа истакнати сериозни приговори сега тоа ќе продолжи и со воведни говори, исто така сериозни наводи и во воедните говори ќе бидат изнесени и за мене како адвокат неетички е да го оставам овој мој клиент сам без одбрана во една таква ситуација, потенцираше Тасевски.

Тој истакна дека за утре се закажани три рочишта по предмети кои ги води СЈО, за кои се дава приоритет.

– Во 9.30 часот е закажан предметот за Општина Центар, во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Групевски, каде што сум јас бранител, како на Груевски, така и на други тројца обвинети, единствен нивни бранител, потоа во 10.00 часот продолжува денешното судење за предметот „Тенк“, а во 9.30 часот е закажана јавната седница по жалбата во апелација каде што Груевски и Ѓоко Поповски веќе се со пресуда. Ова што се случува е сосема непотребно, заклучи Тасевски.

Тасевски ТНТ Цаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.