Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

То Вима: Краен рок за решение на спорот е Самитот во Софија

0
By Нова ТВ on April 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во последните 20 дена, атмосферата во разговорите за името во ништо не потсетува на насмевките и оптимизмот што првично ги испраќаа пред и по средбата на Алексис Ципрас со Зоран Заев во Давос минатиот јануари, вака весникот „То Вима“, го започнува текстот посветен на последните случувања на релација Скопје- Атина.

Во анализата под наслов „Времето тече, решението со оддалечува“,  новинарот пишува дека се намалува просторот за договор, бидејќи и понатаму е ненадмината разликата за ерга омнес и промена на Уставот. Овие, според „То вима“ биле и главните пречки на неодамнешната средба во Виена, средба што се движела „во спротивна насока од претходно јавно изразениот оптимизам на комесарот Хан“.

– Времето тече. Веќе се чини дека двете страни започнаа да размислуваат, не само на добрите сценарија, туку и на начинот на управување на играта со префрлање на вината, во случај на неуспех во преговорите. Странски дипломати исто така се појавуваат веројатно песимисти. Како што велат, ако рокот до летото помине, од есен и двете земји влегуваат во предизборен период, пишува „То Вима“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот ги споменува следните средби на шефовите на двете дипломатии, на крајот од седмицава во Солун и на 11 и 12 мај во Сунио, во близина на Атина, но и можноста за средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на Самитот во Софија на 17 мај. Во бугарската престолнина, тогаш ќе се одржи состанок на ЕУ- Западен Балкан.

Средбата во Софија, за грчката страна е краен датум до кој господинот Ципрас ќе оцени дали можеби има простор да ја преземе политичката цена за решение на македонското прашање. Ова го споменуваат владини извори, во изминатите денови за „Вима“, додавајќи дека премиерот потоа ќе треба да ја фокусира неговата енергија исклучиво на преговорите за постмеморандумскиот период. Доколку околностите дозволат, би можело да постои средба со неговиот скопски колега Зоран Заев во Софија, на која ќе се донесат конечни одлуки, дали позитивни или негативни, пишува „То Вима“.

Заев спор за име Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.