Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров: Водата во Дојранско Езеро е исправна

0
By Нова ТВ on July 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 12, 2016 14:22

Водата во Дојранско Езеро е комплетно исправна за капење, не предизвикува опасност по здравјето на луѓето и нема потреба од никакви ограничувања, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров,  при посетата на Медицинскиот симулациски центар.

– Детално го испитав случајот со моите соработници во Министерството. Прво, лабораториските анализи и резултатите кои се направени се точни, но ставени се во погрешен контекст. Ставени се во контекст на правила кои се одамна напуштени во Европска унија, односно направени се мерења кои се споредени со параметри кои повеќе не се применуваат, изјави Тодоров.

Тодоров, во однос тврдењата од Државниот инспекторат дека водата во Дојранското Езеро е од трет степен и е небезбедна за капење, посочи дека согласно направените мерења и директивите за исправност на водата за капење на Европската унија, Дојранското Езеро има исправна вода и изрази очекување дека тоа ќе биде констатирано и од надлежниот инспекторат и забраната ќе биде повлечена.

Од државниот санитарен и здравствен инспекторат за НОВА велат дека изненадени од изјавата на Тодоров. Тврдат дека нивните резултати се точни и конечни и само кратко прокоментираа „може повеќе податоци има министерот од нас. Како ќе каже министерот, очигледно така ќе биде. Не не прашувајте ништо повеќе“.

Мината недела Институтот за јавно здравје соопшти дека Дојранското езеро е загадено и издаде забрана за капење на четири плажи, на што реагираше градоначалникот на Дојран Борче Стамов барајќи дополнителни анализи.

>>>А групно крштевање на министрите во Дојранско езеро?

Дојранско езеро Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.