Повеќе од 230 луѓе кои загинаа во текот на минатиот викенд во пожарот кој изби во дискотека во бразилскиот град Сатна Марија, смртно настрадаа од последици на горење на изолациската пена која просторот го исполнила со густа токсична пена, во рок од само три минути , известуваат полициските слижби.

Станува збор за градежна пена која се користи за звучна изолација на просторот, објаснуваат од полицијата.

Доколку ноќниот клуб не бил изолиран со овој материјал, не би имало ваква несреќа и воопшто загинати, изјавил шефот на полицијата, Марчело Аригони.

Полицијата во моментов истражува дали станува збор за немарност на градските власти кои доволиле да се отвори овој клуб.