Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Токсичниот линдан од Охис ќе почне да се чисти наредната недела

0
By Mirjana on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од наредната недела почнува чистењето на токсичниот инсектицид линдан, кој со децении е депониран во дворот на фабриката Охис. Рокот за негова дислокација, истекува до крајот на годинава, но со оглед на фактот што експертите предвиделе дека третманот на депонијата би можел да трае и до 18 месеци , тогаш е неизбежно тајмингот да биде пробиен. Ќе се почне со дислокација прво на малата депонија, зашто во кругот на ОХИС има и голема која се претпоставува дека содржи  околу 13.000 тони линдан, кој што е покриен со околу 20.000 илјади тони земја, која досега неизбежно е и самата да се контаминирала и како таква сигурно дека претставува опасност сама по себе. Притоа не се исклучуваат ниту претпоставките  ОХИС да е ,,легло“ и на трета депонија од линдан и дека него го има и во околината на Драчево во областа ,,Пеленица“.

Најглавното сепак е дека процесот тргна од мртва точка по повеќедецениска ,,парализа“, а по веќе извезените количини на винил-хлорид, на ред да ја ,,напушти“ државава стигна и линданот.

Најавата дека депонијата од линдан во Охис ќе се чисти од наредната недела, стигна од  министерот за животна средина Насер Нуредини, кој не откри повеќе детали за тоа кој ќе ја чисти депонијата и каде ќе се складира односно извесува линданот. Тој ова го информира во рамките на соопштението за  пакетот од шест закони од областа на управувањето со отпадот кој е влезен во собраниска процедура а денеска е на второ читање пред ресорните комисии.

По реакциите во јавноста за дозволениот увоз на РДФ-от за користење како алтернативно гориво, како неопасен нерециклирачки комунален отпад, за кој има пропишано стандарди и кој емитува значително помалку емисии на СО2 и има поеколошки животен циклус од мазутот и петролкоксот, министерот Нуредини најави дека ќе предложи измени со кои би се забранил увозот на РДФ, зашто било утврдено дека постои сомнеж оти не сме подготвени за соодветна имплементација на предвидената регулација.

,,Овие закони со кои ги транспонираме европските стандарди во управувањето со отпадот воведуваат јасни и финансиски обврски за сите производители на отпадни производи, воведуваат циркуларна економија, селекција и рециклирање, предвидуваат современ и строг регионален систем за управување со отпадот со минимално количество на депониран отпад. Овој пакет закони кој беше изработуван со години со помош на национални и странски експерти, јавно е достапен од 2019 година и беше консултиран на многу средби, на три официјални јавни расправи со физичко присуство на претставници на локалната самоуправа, комуналните претпријатија, стопанската комора, невладиниот сектор и граѓаните, чии коментари и предлози беа разгледувани и прифаќани и се исто така јавно објавени. Овие закони се можеби едни од најдолго и најшироко консултираните со јавноста, а јас не пропуштав да ги презентирам во речиси сите мои јавни настапи и гостувања“, изјави  Министерот Нуредини.

По усвојувањето на шесте закони, очекувањата се Македонија конечно да почне да се справува на современ и на европски начин со својот отпад.

Мирјана Трпческа

 

 

 

 

 

—

дислокација Линдан Охис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.