Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тома и Југославија ќе згаснат истовремено – гледачите од поранешните Републики ги полнат благајните и леат солзи

0
By Ана Василевска on November 15, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 15, 2021 11:35

За уметничката вредност на филмот „Тома“ е сосема бесмислено да се дебатира. Тоа што овој филм поттикна хистерија и лавина од емоции е нешто сосема друго. Тома е дел од една плејада народњаци, заедно со Тозовац, Цуне, Лепа Лукиќ. Тоа е онаа генерација која во „безгрижната“ Југославија произведуваше кафеански хитови, беше декор на семејните собири, ги радуваше нашите дедовци што вртеа лонгплејки додека одмораа по ручек или беа дел од редовниот репертоар на запиените боеми.

Филмот „Тома“, кој е псевдобиографски филм за музичката легенда Тома Здравковиќ, ги преполни киносалите во сите поранешни југословенски Републики, а во истовреме неговата американска дистрибуција кај големата дијаспора ги руши рекордите на гледаност. Социјалните мрежи горат со коментари и размена на емотивни пораки. Секако, филмот на голема врата ја врати и музиката на Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, па така бројот на прегледите на нивните песни на „Јутјуб“ стократно се зголемени. Не станува збор за само за фанови на оваа народна/кафеанска музика, туку и оние чиј музичку вкус е сосема поинаков, дури и за оние кои во Југославија растеа со новиот бран.

На што се должи успехот на оваа просечна мелодрама? Што препозна умешниот продуцент Драган Бјелогрлиќ да ја лансира оваа приказна и да направи мега хит?

За уметничката вредност на „Тома“ е сосема бесмислено да се дебатира. Тоа што овој филм поттикна хистерија и лавина од емоции е нешто сосема друго.
Тома е дел од една плејада народњаци, заедно со Тозовац, Цуне, Лепа Лукиќ. Тоа е онаа генерација која во „безгрижната“ Југославија произведуваше кафеански хитови, беше декор на семејните собири, ги радуваше нашите дедовци што вртеа лонгплејки додека одмораа по ручек или беа дел од редовниот репертоар на запиените боеми.

Сепак, авторите на сценариото за „Тома“ препознаваат една друга димензија од карактерот на Тома: „За да напишеш песна треба добро да се извалкаш“-една од репликите на Тома (Милан Мариќ) во овој филм.

Несомнено е дека неговата исконска музичка/поетска дарба е тоа што го двои од серијата музичари што прават наменски песни да се вклопат во сериското производство на албуми во тоа време. Тој е поинаков, гине за секоја песна, беспоштедно живее: „Не се мери животот според тоа на колку денови ќе успееш да го развлечеш, туку колку живот ќе успееш да ставиш во еден ден“.

По дистанца од повеќе од три децении, кога нештата од времето на Тома се превртени за повеќе од 360 степени, откако сите оние во земјите во кои денес плачат на овој филм минаа низ војни, транзиции, економски, вредносен, морален колапс, едноставно паднаа на емоции кои кокетираат со сè по малку.
Патосот на Тома и неговата невозвратена љубов со Силвана Арменулиќ (Тамара Драгичевиќ), веројатно нè наведува на чувства за неостварената љубов, што повеќе или помалку е едно од искуствата на секој човек.
Колку дијалогот меѓу менаџерот на Тома како коментар на неговата вљубеност е блага критика или иронија кон комунизмот „вљубувањето е буржујско срање, во комунизмот сè е на повелете“ е помалку важно. За душата не се спори во контекст на општественото уредување.

Втората нијанса што го води гледачот кон солзи и потреба да скрши по некоја чаша во кафеана е постојаната битка на секој од нас дали рациналниот пристап кон животот е бесмислен наспроти тој да се живее исклучиво кога си воден од срцето, па макар тоа да те одведе во пороци и бессознание.
Овој дуализам филмот ни го претставува преку односот на докторот кој го лекува Тома од рак и е студен и прагматичен човек и Тома, кој го живее животот „до последен здвив“.

И третата нијанса е токму крајот на филмот, кој зборува за последната југословенска музичка турнеја на Тома Здравковиќ пред неговата смрт во 1991 година, кога војните се распламтуваат и почнува распадот на големата Федерација. Да, тоа е заедничка смрт, на Тома и на Југославија. Оваа е навистина интересна филмска паралела која е извлечена од целата приказна. Можеби и цел еден филм би можел да биде посветен на тоа, макар документарен.

И не само Тома, тогаш кога нам не ни беше јасно што точно се случува, голем број музички групи се обидоа да пратат порака, да одржат концерти, да се појават на телевизиската станица ЈУТЕЛ, да го спречат лудилото кое ќе следи. Вреди тука да се спомене обединувањето на осумтемина музичари во пролетта 1992 , меѓу кои Гиле од „Елекрични оргазам“, Милан од „Екатерина Велика“ заедно со радиото Б92 во проектот „Римтутитуки’ и порачаа „Мир, брате мир“ , како антивоен вресок, обид да го спречат крвопролевањето…

Сега, критиката во голем дел и го оцрни „Тома“ за неговата естетска вредност, за бледите ликови ( коментарите беа дека наликуваат на оние од филмот „Собирен центар“), за лошата глума на Мирјана Карановиќ во улогата на мајката на Тома, за непотребното вплеткување на мистериозен лик на Ромката која се појавува во сеќавањето на Тома, што се веќе видени фори на Кустурица….
Но, едно е сигурно, филмот е апсолутен кинохит и дефинитивно за миг предизвика некоја синхрона заедничка катарза кај сите нас од Вардар до Триглав.

Нема да воскресне ниту Тома, ниту Југославија, но за социолошкиот импакт на овој филм, кој ги обедини и ги возбуди душите и на рокерите и фолкерите, и на левите и на десните и на религиозните и на атеистите меѓу 23 милиони луѓе, вреди да се подразмисли.

Ана Василевска

Драган Бјелогрлиќ Тома Здравковиќ Филмови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.