Меѓународниот олимписки комитет (МОК) со најава за издвојување на 10 милиони долари во борба против допингот. Ветувањето го испорача лично претсетаделот на организацијата, Томас Бах на конференцијата во организација на Светската антидопијг агенција ВАДА во Катовице, Полска.
Дел од ветените средства ќе бидат насочени во складирање на примероците од допинг контролите пред Олимписките игри и тоа за период до 10 години.
МОК веќе практикува чување на допинг примероците од Олимпијадите. Стотици примероци од Пекинг во 2008 година и од Лондон во 2012 година беа повторно анализирани што резултира со 123 позитивни тестови.