Нека му мислат во иднина: Допингот во Кина станува кривично дело

До ЗОИ 2022 во Пекинг, Кинезите сакаат да се исчистат од имиџот на допингирана земја за што планираат да воведат брутални мерки. Намерата е израмнување на допингот со дрогата, па спортските престапници ќе се соочат со затворски казни

Тужби за ИТФ и ВТА: Американката Бренгл бара 10 милиони долари отштета

Адвокатот Питер Гинсберг тврди дека неговата клиентка страда од пореметување поради кое не смее да ѝ се вади крв од вена со игла за што поседува лекарска документација што ја потврдува таквата состојба. Претставници на анти-допинг агенција, сепак, земале примерок што било причина за оток и ослабување на раката со која тенисерката сервира

ИОК со новогодишна честитка: Доживотни суспензии за 11 руски спортисти

Мерката е изречена за двајца натпреварувач во брзо лизгање, за двајцата натпреварувачи во санкање, за тројца крос-кантри скијачи, за двајца натпреварувачи во боб и две хокеарки поради прекршување на правилата за допинг за време на зимската Олимпијада во Сочи во 2014 година, но и претходно

Тенис: Сара Ерани позитивна на допинг тест од почетокот на 2017 година

Во примерок на урина на италијанската тенисерка се најдени траги на Аримидекс, препарат што во медицината се користи за пост-менопаузен карцином на дојка, а во тенискиот свет се смета за стимуланс и метаболички хормон

Борба против допинг: Руски доктор доживотно суспендиран од ЦАС

Сергеј Португалов се товареше за кршење на неколку членови на анти-допинг програмата на Светската атлетска федерација (ИААФ) вклучувајќи поседување и растурање на забранети препарати. Судот во Лозана нагласи дека има јасни докази против него