Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Топ 10 политички скандали на Евровизија

0
By on May 19, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 19, 2013 14:57

Ако погледнете површно Евровизија е еден банален, безопасен натпревар, една вечер кога земјите се собираат во име на песни што веднаш ќе ги заборавите. Но, не поминува ниту една година без политички и други скандали на Евровизија, анализира „The Copenhagen Post“

Еве ја листа на десетте најпознати евровизиски скандали кои предизвикаа најмногу полемики во текот на годините.

10. Повеќе дупки отколку во швајцарското сирење
Веќе на првиот натпревар, што се одржа во Лугано во 1956 година, почнале заговорите околу гласањето. Секоја земја имаше само два гласа. Делегацијата Луксембург не можеше да гласа за Лугано, па Швајцарците гласаа во нивно име. Швајцарската очекувано го грабна првото место. Овој чуден систем на гласање никогаш не бил повторен.

9. Кој сака револуција?
Португалското учество на Евросонг во 1974 натпревар всушност започна една револуција. Песната на Паоло де Карваљо била искористена како кодиран сигнал на радио за почеток на соборувањето на диктаторскиот режим на Каетано, кој испрати тенкови во Лисабон. Евровизија беше Ватерло за Каетано во Ватерло, а истата година шведските ѕвезди „Абба“ го освоија првото место со песната “Ватерло”. Иако португалската песна беше меѓу последните си обезбеди бесмртна позиција во историјата на Португалија.

8. Донесете ги булдожерите од Баку
Во 2012 година, на земјата домаќин Азербејџан и беа упатени жестоки критики, не само заради кршењето на човековите права, туку и за присилното протерување на многу од сопствените граѓани во Баку, чии станови беа срамнети за да се изгради Евровизиската арена. За време на гласањето, портпаролот на германската евровизиска екипа, Anke Engelke, испрати порака на режимот на Алијев: „Вечерва никој не можеше да гласа за својата земја. Но, добро е да се има можност да се гласа. Добро е да се има избор. Со среќа на, Азербејџан. Европа ве гледа.“, рече тој.

7. Еден важен бакнеж
Годинашниов настап на финската пејачка Криста Siegfrids со песната „ Ќе се омажиш за мене” нарави изненадување, очигледно, во знак на протест против забраната во Финска на хомосексуалните бракови, таа ја бакна во уста една од нејзините придружни вокали. Оваа на уста-на-уста акција сигурно предизвика гнев кај одредени гледачи.

6. Евровизиски каламбур
Песната на Грузија во 2009 година беше забранета заради играта на зборови во насловот, која всушност носеше политичка порака. Официјално, песната беше забранета поради кршење на евровизиските правила – песните да немаат експлицитно политичка содржина. Песната ‘We Don’t Wanna Put In’ (grooooan) беше против Русија и нејзиниот премиер Владимир Путин. Грузија одби да ја преработи песната и се повлече од натпреварот во знак на протест.

5. Белгиски вафли
Во 1978 година, израелската песна „A-Ba-Ni-Bi“ испеана од Исаара Коен и Alphabeta, стигна до победа со 157 поени. Заради популарноста на шоуто, Евровизија беше пренесувана во живо и во неколку земји на Блискиот Исток. Успехот на Израел, сепак, премногу тешко да го поднесе Јорданската телевизија, која, наместо да го прикаже прогласувањето на победникот покаѓала скики од цвеќиња и се вклуѓчила во евровизискиот пренос за да го објави второто место, Белгија како официјален победник.

4. Знамето
Евросонг во 2000. година се одржуваше во Израел а меѓу другите и групата „Пинг Понг“ која всушност ја измислиле двајца новинари кои некако успеале да станат претставници на Израел. За време на пробите тие мавтале со мали сириски знамиња. Бесен заради овој испад Гил Самсонов, прв човек на израелската радиодифузија изјави: „Тие ќе се натпреваруваат, но не во име на израелската радиодифузија или на израелскиот народ – тие ќе се претставуваат само себеси”

3. И победниците грешат
Во 1969 финалето во Франција беше возбудливо – Холандија и Шпанија имаа по 18 поени и уште само една земја треаше да гласаа. Финците на фаворитите им дале нула поени , но ги наградиле Британците, што значело дека 4 земји имаат ист број поени. Водителката страшно се збунила. Организаторите немале доволно победничките медали и публиката потоа морала повторно да ги види сите четири изведби – точно една четвртина од Европа.

2. Никогаш не е предоцна
Познатиот пејач Клиф Ричард, со песната “Честитки”, го освои второто место на натпреварот во 1968 година во Мадрид. Но, 40 години подоцна, според еден шпански документарен филм, резултатот на тој Евросонг бил наместен. Имено, генералот Франко, диктаторот на Шпанија во тоа време, наводно испратил корумпирани ТВ директор да трошат многу пари за промоции во различни европски национални телевизии и да купуваат телевизиски серии која никогаш не ќе биле прикажани и да потпишуваат договори со непознати групи и пејачи. Ричард, кои се уште носи ментална лузни од овој пораз, во 2008. изјави за Гардијан, дека се надева дека еден ден ќе добие телефонски повик од некој официјален претставник на Евровизија му рече дека сепак го освоил првото место.

1. Да се биде победник
Во пресрет на Евросонг во 1963 година, данските надежи за победа беа високи. Настапуваа гитаристот Jørgen Ingmann и неговата сопруга Grethe. На гласањето петтите од 16. Норвежаните не успејаа да ја следат процедурата за објавувањето на резултатите, беа замолени повторно да ги кажат бодовите . Дадоа три поени на Швајцарија и два на Данска. Кон крајот на шоуто и Швајцарија имаше само два поени предност пред Данска, а само Норвешка останала да да гласа. Норвежаните им дадоа 4 поени на Данците и само еден на Швајцарија и така им обезбедија победа на Данците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.