Најнапред хеликоптерот што учествувал во спасувачката акција, го лоцирал исчезнатиот, по што бил информиран товарен брод, што се наоѓал во близина кој потоа го спасил Македонецот, по што бил преземен од чамец на грчката крајбрежна служба.

Медиумите во Грција кои со огромен интерес од вчера го следат случајот, јавуваат дека станува збор за 30 годишниот Иван, кому вчера му било роденден.

Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за солунскиот информативен портал „Ворија“ вели дека веројатно добрата физичка состојба и смиреноста биле пресудни што и по 18 -19 часа во морето, останал жив.

„Искрено сум многу среќна откако дознав дека е жив по 19 часа борба во морето. До него имало една топка и таа топка била неговиот спас, вели градоначалничката која не може да ја скрие радоста што момчето беше пронајдено живо, особено по толку часови во морето. Пронајденото момче, изјавила Халкиа и ја вратило надежта дека жив би се нашол и вториот исчезнат.

Топката што му го спасила животот на Иван
Топката што му го спасила животот на Иван

На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата биле  братот и таткото на спасениот, кои од Северна Македонија пристигнале на Халкидики.

Акција и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на последниот од тројцата исчезнат, односно 28- годишен македонски државјанин. (М.Т.)