Во Шпанија се забележани над 500 смртни случаи поврзани со топлотниот бран што ја зафати Западна Европа, предизвикувајќи големи пожари и подигнувајќи ги температурите на рекордни нивоа.

„Климатската криза е реалност и климатските промени убиваат“, рече премиерот Педро Санчез за време на посетата на Арагон, покраина на североистокот на земјата во која пожарите опустошија десетици илјади хектари земјиште.

Исклучително високите температури во последните 10 дена, додаде Санчез, предизвикаа смрт кај повеќе од 500 лица. Според податоци на шпанскиот метеоролошки завод, овој топлотен бран би можел да биде најинтензивен што е забележан и еден од трите најдолги кои се регистрирани.

Високите температури се причина за бројни пожари во Франција, а два големи пожара во југозападен департман на Атлантскиот Океан уништија 20.600 хектари шума.

Но, се чини, дека огнените стихии во Франција губат сила, па и пожарникарите се пооптимистични. Тие беа причина за евакуација на 36.700 лица од областите кои беа зафатени со пожари.

И во Словенија, денеска на границата со Италија, се ангажирани неколку стотици пожарникари за гаснење на пожар, поради што неколку села беа евакуирани.

Топлотниот бран вчера урна неколку рекорди во Европа. Живата во термометарот во Велика Британија достигна досега невидени 40,3 Целзиусови степени во Конингсби, село што се наоѓа на североистокот на Англија.

Апсолутен рекорд е забележан и во Шкотска од 34,8 степени, а во Франција, локално, се регистрирани над 60 топлотни рекорди.

Денеска се измерени рекордни температури и во Данска од 35,6 степени, додека топлотниот бран ја зафаќа и Скандинавија.

Ова е втор топлотен бран за помалку од еден месец. Таквото зачестеност е директна последица на климатската криза, со зголемување на интензитетот, траењето и учеството со емисијата на стакленички гасови, оценуваат научниците.