Не се знае точниот број на мртвите и повредените од торнадото кое синоќа ја погоди американската сојузна држава Оклахома, каде што живеат 17 000 луѓе. Торнадото срамнило со земја цел хотел, а непотврдени информации говорат дека исчезнати се 17 луѓе кои биле на вториот спрат  на хотелот. Се стравува дека бројот на загинати може да биде многу поголем.

Во тек е спасувачка акција за извлекување на загинати и повредени од урнатините, а бројот на исчезнати се зголемува.