Торнадо погоди густо населено предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи, откорнувајќи многу дрвја, а предизвика оштетувања и во електричната мрежа, соопштија властите.
Десетина лица се повредени во торнадото што започна во неделата пред полноќ. Најмалку осум лица се хоспитализирани во Напервил, гратче со 147.500 жители, каде вчера беше констатирано дека 22 куќи се уништени, а над 130 се оштетени.
Официјални лица во блиската населба Вудриџ рекоа дека торнадото оштети најмалку 100 згради, а три лица се во болница.