https://www.youtube.com/watch?time_continue=30&v=ShfH2wljato
Силен ветер проследен со бура и торнадо го погоди Рим, а според првичните информации, освен голема материјална штета, има човечки жртви.
Во местото Ладисполи, на 30 километри од Рим едно лице загинало кога врз него се урнал дел од зграда, а десетина се повредени.
Има голем број паднати дрва, и уништени продавници, но најголемите штети с ена железничката станица, каде с еурнала платформата. Во самиот центар на ова место се урнала и цела зграда од 8 ката. Весникот Мезаџеро пишува дека голем број од жителите се евакуирани.
Во населбата Чезано на северот на Рим загинал пензионер врз чиј автомобил паднало дрво. Медиумите јавуваат за големи штети, бидејќи од невремето голем број објекти останале без покриви и надстрешници, додека некаде невремето уривало и ѕидови.
Во Рим едно од најмаркантните обележја на градот, Колосеумот е под вода.






