Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тортура: Мијалков гледаше ТВ прилози за условите во затворите

0
By Нова ТВ on December 11, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 11, 2018 12:18

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Кривичниот суд на судењето за случајот „Тортура“, односно за нечовечното апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Во судница се гледаат снимки од неколку телевизии, кои известувале за апсењето на Бошкоски, а на барање на адвокатите на Мијалков, наместо само прилозите  за Бошкоски, вестите се гледаат во целост, објави Фокус.

Во првата снимка од дневникот на Македонската телевизија се виде дека прва вест е апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски и како врзан со лисици на рацете се врши увид во неговиот автомобил на местото каде што е уапсен.

Мијалков, освен што можеше да се потсети како течела акцијата за апсењето на тогашниот лидер на Обединети за Македонија, тој гледааше и прилог за условите во македонските затвори, кој се емитувал на вестите на МТВ. Во прилогот се споменуваат лошите услови, но и најавените реновирања во „Идризово“  и „Скопје“ каде што веќе 20 дена престојува Мијалков.

Во неколку прилози беше виден и екс премиерот Никола Груевски, кој веќе еден месец е во бегство во Унгарија.

Во вестите кои на 6 јуни 2011 година биле емитувани на Алсат М, се виде дека Бошкоски откако е уапсен се држи непосредно во близина на мобилен тоалет, а потоа е легнат на земја.

Бошкоски Мијалков Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.