Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тошковски треба да им се извини на припадниците на Специјалната антитерористичка единица Тигар

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 1, 2024 15:47
Несвојствено за политичката комуникација, особено за институционалните структури на кои професијата и професионализмот не им дозволува да влегуваат во полемика на дневно-политичка основа, припадниците на Специјалната антитерористичка единица Тигар сепак одлучија да реагираат постапката на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски во желба да ја испочитува Единицата на интервентната полиција (поранешните Алфи) неодговорно и невнимателно присуствувал на вежба на оваа единица во која нејзините припадници симулирале лишување од слобода на лице облечено во маичка со симболот и логото каква што носеа специјалците од единицата Тигар.

„Припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица – Тигар се чувствуваат навредени и зразуваат револт за постапката на Единицата за интервентна полиција која на 28.02.2024 година при изведување на показна вежба презентираше лишување на лице од слобода кое беше облечено во маица идентична со маиците кои порано ги носеа припадниците на САЕ-Тигар“, пишува во реакцијата на САЕ-Тигар испратена до медиумите.

Што сакале да постигнат од Единицата на интервентната полиција (поранешните Алфи) со овој гаф, и, уште повеќе, зошто Тошковски не го препознал и не реагирал на оваа провокација, останува да се чека образложение деновиве.

Со оглед на репутацијата на и на угледот на Специјалната Антитерористичка Единица – Тигар, најмалку што се очекува сега е да се извинат и „Алфите“ и Тошковски.

Фотографиите и видео инсертите од посетата на Тошковски и показната вежба се објавени на официјалните канали на Министерството за внатрешни работи, што е дополнителна причина за револтот на САЕ-Тигар, „единица којашто застануваше на браникот на одбраната на нашата држава кога тоа беше најпотребни, при што 7 припадници загинаа, а голем број беа ранети носејќи го амблемот на единицата со глава од тигар како заштитен знак“, како што се вели во соопштението на САЕ-Тигар.

Во секој случај една невообичаена, односно, многу повеќе апсурдна ситуација во структурите на МВР што ја предизвика оваа несмасна постапка на техничкиот МВР Тошковски.

Не треба да одиме натаму, но со оваа своја постапка Тошковски како да сака да покаже кој е „газда“ во неговите 100 дена како министер, па внесува ривалитет во редовите на униформираните единици на МВР таму каде што има непосредно влијание.

Имено, откако веднаш по неговото назначување за технички министер, го смени началникот на СВР Скопје, а потоа и командирот на Единицата на интервентната полиција (поранешните Алфи), која што е во склоп токму на СВР Скопје.

Ова е втор гаф во МВР откако Тошковски е технички министер, по оној од 18 февруари кога шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој доаѓа од редовите на СДСМ, на социјалните мрежи напиша дека македонската историја не памети ваков случај на поранешен полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на службена дејност, и побара максимално професионално да се расветли овој случај.

Техничкиот мнистер за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека МВР ќе поднесе кривична пријава против Ивица Б. за напад на друго службено лице.

Според министерот, тој ќе биде суспендиран од работа сè до донесување правосилна пресуда, но не пропушти да ја изрелативизира одговорноста на Ивица Б. и рече дека не се точни наводите дека Ивица Б. спречил акција на полицискиот тим од Единицата за недозволена трговија, туку дека проверките од полицајците веќе биле завршени.

Додека го чекаме извинувањето на Тошковски до САЕ-Тигар, останува тоа што отсекогаш важело за ВМРО-ДПМНЕ – лидерите на таа партија знаат само да делат.

Всушност, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не го научи концептот на Македонија и единствено им е важно да создаваат поделби.

Го делеа народот и на „комуњари“, „балисти“,  „соросоиди“, „патриоти“ и „предавници“…

Кога не можеа другите, си ја делеа партијата на ВМРО-НП, на ВМРО Вистинска, ВМРО-Демократска партија… Го делат веќе поделеното и со секоја нова постапка се усовршуваат во (по)делбите.

Зоран Бојаровски / Рацин.мк

интервентна полиција МВР Панче Тошковски Тигри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.