Товарен воз кој превезува голем број американски борбени возила е забележан на камерите во Летонија, јавува „Раша Тудеј“.
Се работи за воени средства кои ќе бидат распоредени во балтичките земји како дел од воените вежби во рамките на акцијата „Атлантско решение“.
Конвојот е забележан пред неколку дена на 300 километри од границата со Русија кај железничката станица Далба.
Возот пренесувал околу 40 возила, помеѓу кои и осум борбени возила „Бредли“, девет оклопни М113, неколку камиони, контејнери со муниција и возила од типот „Херкул“, пренесува Раша Тудеј.
Дел од американските борбенни возила ќе бидат распоредени во американската воена база во Германија.
Акцијата „Атлантско решение“ е покрената од САД како би ги поддржале сојузниците во источна Европа кои се загрижени од постапкитена Русија, пишува „Раша Тудеј“.




