Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тозија до Салковски и Иванов: Соопштението е говор на омраза

0
By Нова ТВ on September 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 20, 2013 13:14

По силните реакции на Томи Салковски, продуцентот на филмот “Соба со пијано” на Игор Ивановски- Изи за изземањето на овој филм од конкуренција за Оскар следуваше нивно барање за оставка на претседателот на Комисијата на Друштвото на филмски работници на Македонија, Горјан Тозија- Медо.

Тозија за НОВА излезе со одговор до Салковски и Иванов:

-Соопштението е простачко, полно со невистини и говор со омраза и тоа не е стил со кој комуницираат филмски луѓе во светот.

Toa e локален говор каде и припаѓаат и режисерот и продуцентот на филмот.

За она дали јас сум работел во Кино око- јас од 2007 не работам никаде а за Кино око сум работел како слободен филмски работник, како што сум работел за МГМ, Ворнер брадерс и Дрим Воркс.

Воедно, не гледам потреба од толкава паника и стресови, бидејќи ако филмот не е адекватен за Америка, можеби е за Кан и можеби би добил Златна палма, што јас од срце им посакувам.

Одлуката беше донесена едногласно и комисијата е таа која одлучува за нашиот кандидат, предложен од ДФРМ а верификувано од Американската филмска академија.

Ме зачудува што на прес-конференцијата по премиерата на филмот тие веќе самите се прогласија за македонски кандидат за оскар, пред воопшто да го видиме филмот.

Притисоците не беа пријатни да се чувствуваат, вели во реакцијата Горјан Тозија за НОВА.

Друштвото на филмски професионалци на Македонија вчера соопшти дека годинава нема да има наш претставник за престижната награда „Оскар“.

По проекциите на двата кандидата за номинација на македонски претставник на „Оскар“, „Соба со пијано“ на Игор Иванов-Изи и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски, во категоријата на неанглиско говорно подрачје на АМПАС, националната комисија, по повеќечасовно дебатирање, го донела следново соопштение:

„Според темите што се третирани и начинот на кој се прикажани во двата филма, комисијата смета дека не се адекватни да бидат номинирани пред членовите на Американската академија, за награда ’Оскар‘, за филмови од неанглиско говорно подрачје. Со тоа комисијата едногласно донесе одлука оваа година да не кандидира ниеден филм“.

Реакција на ова соопштение веднаш испрати продуцентската куќа „Скопје филм Студио“, која стои зад филмот „Соба со пијано“, од каде што велат:

„Ја известуваме јавноста дека претседателот на Друштвото на филмски професионалци на Македонија, Горјан Тозија, повторно ја злоупотреби својата функција и иницираше срамен скандал во изборот на македонски кандидат за наградата ’Оскар‘, кој се одвиваше помеѓу филмовите ’Соба со Пијано‘ во режија на Игор Иванов и ’Балканот не е мртов‘ во режија на Александар Поповски.

Филмот ’Балканот не е мртов‘, според регулативите на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, не ги исполнува условите за кандидатура за оваа награда. Споменатиот филм беше јавно прикажан на гала затворањето на минатогодишниот фестивал ’Браќа Манаки‘, на 21 септември 2012 година, а беше и во конкуренција за наградата ’Златна камера 300‘. Според тоа, насилното вклучување на овој филм во компетиција за наш претставник за наградата ’Оскар‘ е нелегитимно и е израз на непочитување на Друштвото на филмски професионалци на Македонија и на строго пропишаните регулативи од страна на Академијата.

Воедно, сакаме да истакнеме дека Академијата побарува и јавно прикажување на филмот-кандидат од најмалку седум последователни дена во матичната земја, а со цел секој филм-кандидат да биде предмет на јавна опсервација од страна на публиката и критиката, за секоја земја да може да го кандидира транспарентно и јавно својот најдобар филм.

Филмот ’Балканот не е мртов‘ и по 13 месеци од неговата премиера, не е прикажуван во кино и македонската филмска публика не знае за каков филм станува збор. Дозволете да истакнеме дека филмот ’Балканот не е мртов‘ е проект кој минатата година (кога ги исполнуваше критериумите) се откажа од кандидатурата за ’Оскар‘ во корист на филмот ’Трето полувреме‘.

Петчлената комисија избрана и предводена од Горјан Тозија е составена од блиски соработници на ’Кино око‘, продукцијата која стои зад филмот ’Балканот не е мртов‘. Исто така, Тозија се јавува како продуцент во проектите на ’Кино око‘, а во последно време дури и состаноците на Друштвото на филмски професионалци на Македонија се водат во просториите на оваа продукциска куќа.

Поради очигледната разлика во квалитетот на филмовите, комисијата предводена од Тозија донесе срамна одлука, доколку не може да оди ’Балканот не е мртов‘, тогаш да му се скрати правото на ’Соба со пијано‘ да биде македонски претставник за ’Оскар‘“.

Во реакцијата понатаму се вели дека „со ова Горјан Тозија се стави над Академијата за подвижни слики, уметност и наука и го скрати правото на Македонија, и на филмот ’Соба со пијано‘, да се натпреварува на најпрестижното светско филмско случување и да ја претставува Македонија пред светот“.

Поради ова срамно, нетранспарентно и наместено водење на процедурата, Томи Салковски, продуцент на филмот „Соба со пијано“, и Игор Иванов, режисер на „Соба со пијано“, бараат итна оставка на Горјан Тозија од функцијата и итно повлекување на оваа недоветна одлука. Македонија мора да има претставник за „Оскар“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.