Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Траекторија: Миле Јанакиески ги откажа адвокатите, па се пишмани

0
By Нова ТВ on April 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На рочиштето за предметот „Траекторија“ на СЈО, попладнево почна слушањето на снимките од преслушуваните разговори кои се доказ во постапката.

Адвокатот Димитар Дангов претходно побара разговорите да бидат пуштени на следното рочиште, но судот го одби неговиот предлог. Одбраната реагираше и дека аудио-снимките не се целосно исфилтрирани и во нив се уште има приватни разговори.

Беше побарано и да се обезбеди уште една камера што ќе ја снима целата судница, но и ова барање беше одбиено по што почна изведувањето на доказите.

Реагираше и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинет во случајот, со барање да се исклучи јавноста за време на слушањето на разговорите.

Веднаш по пуштањето на првата аудио-снимка на која се слуша разговор на Јанакиески, тој стана и кажа дека им го откажува полномошното на неговите адвокати бидејќи не биле подготвени да го бранат.

Јанакиески и адвокатите излегоа од судницата, а по враќањето тој кажа дека го повлекува предлогот за откажување на нивното полномошно.

Судијата Бошевски потоа реши да го прекине денешното рочиште и следното го закажа за 23 мај.

На почетокот на денешното рочиште одбраната, како и во неколку други предмети на СЈО, побара изземање на судечкиот совет во „Траекторија“, како и на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев и на судии на Апелацискиот суд.

Судијата Бошевски го отфрли како неосновано барањето за изземање на Џолев и на судии од Апелација, а по паузата, во продолжението на рочишето, соопшти дека е одбиено и барањето за изземање на судечкиот совет.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Според СЈО со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета претставува разлика меѓу износот на цена што како држава ја плаќаме на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.

Адвокатите, пак, тврдат дека ќе докажат оти со околностите и податоците со кои располагале обвинетите при носење на одлуките не е направено противзаконско дејствие.

адвокати аудио-снимки Миле Јанакиески Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.