Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Траекторија: За Груевски обвинението е манипулација за лична штета

0
By Нова ТВ on March 1, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Телма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот процес за провизиите за кинески автопати, познат како „Траекторија“ ќе продолжи на 20 март  со разгледување на материјалните докази, наместо со сослушување на сведоците.

Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, е повикан како сведок во „Тракеторија“ на предлог на СЈО.

Во овој предмет на СЈО „Траекторија“, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Судијата Горан Бошевски на почетокот на денешното рочиште го одби како неоснован предлогот на одбраната СМС пораките да бидат отфрлени како докази во постапката, бидејќи тие не можат да се ценат во оваа фаза, како и барањето аудиоснимките и вештачењата да не се користат во постапката како материјални докази поради неможноста да се потврди нивната автентичност.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски денеска пред Судот се изјаснија дека го разбрале обвинителниот акт и предлог, но оти не се чувствуваат за виновни.

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефановска, во воедниот говор рече дека обвинетиот Никола Груевски сторил кривично дело „примање награда за противзаконско влијание“, додека Јанакиески, Пешевски и Георгиевски сториле „злоупотреба на службена должност“ и побара Судот да ги прогласи за виновни и да ги казни согласно законот.

Според СЈО со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета претставува разлика меѓу износот на цена што како држава ја плаќаме на „Синохидро“ и цената што оваа компанија ја плаќа на подизведувачите.

Стефановска, исто така, објасни дека Пешевски и Јанакиески иако примиле и разгледале дополнителна понуда од компанијата „СВЕ“ понска за 4.800.000 евра од таа на „Синохидро“, не ја доставиле до Агенцијата за патишта и не ја зеле во предвид, а ја одбрале „Синохидро“.

Одбраната, во своите воведни говори, рече дека ќе покажат дека со околностите и податоците со кои располагале обвинетите при носење на одлуките не е направено противзаконско дејствие.

Пешевски рече дека на судот ќе презентира детали и дописи, анализи и сведочења од кои ќе стане јасно како се одвивала постапката за двата автопати, појаснувајќи дека според него, се постигнати добри цени за делниците со заштеда на камати преку поволни кредити и под услови за ангажирање македонски компании и работници.

Адвокатот на Јанакиевски, Дончо Наков, рече дека само со доказите од СЈО ќе покаже дека Законот за јавни набавки е целосно применет и постапките на обвинетите се законити и дека актуелната Влада со истите услови склучиле Анекс на овој договор.

Тој исто така го оспори и вештачењето, истакнувајќи дека тоа е неосновано и незаконски направено  од фирма, што СЈО ја ангажирала противзаконски и без тендер.

Обвинетиот Груевски, пред судот рече дека обвинението е правна манипулација да му се нанесе лична штета.

Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.