Трагедија утринава ја потресе Србија. Српските медиуми јавуваат дека мајка од балкон си го фрлила детето, петгодишната ќерка, па скокнала по неа.

Во улицата „Грге Јанкеса“ во Миријево утрово околу 8 часот мајката М.К, и нејзиното дете, паднале од третиот кат од ходникот на зградата, а сосетката, која била сведок на страотната несреќа, кажала дека глетката била шокантна, јавува kurir.rs.

– Слушнав дека нешто пукна. Таа прво го фрли детето, па скокна по него, а малата врескаше и плачеше. Кога стаса Итната помош, го довикуваа детето, но тоа не одговараше, рекла таа.

Жената изјавила и дека сосетката бил проблематична, викала и врескала речиси по цел ден, но и дека фрлала работи низ прозорец и друго.

Според kurir.rs, пред неколку дена несреќната жена го барала клучот од покривот, под изговор дека на детето сака да му го покаже погледот. И соседите изјавиле дека таа, наводно, постојано ја тепала и малтретирала ќерка си.