Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајковски: Нема предавање, минување на групата не е невозможна мисија

0
By Sashko on June 14, 2021 ВЕСТИ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски

Не можам да кажам дека Австријците беа толку поквалитетни од нас, примивме два наивни гола од шанси што ние им ги подаривме. Одигравме добри 70 минути, но мора да останеме фокусирани во текот на сите 90, истакна напаѓачот на Мајорка и на македонската репрезентација, Александар Трајковски во анализата по поразот од Австрија во воведниот меч на 16. Европското фудбалско првенство.

– Чувството да се биде дел од едно вака големо натпреварување е прекрасно. Прекрасно е што дојдоа да нè бодрат голем број на навивачи, но криво ми е што не им возвративме резултатски. Би сакал да им порачам дека нема да се предадеме и ќе дадеме максимум да ја минеме групата, нагласи Трајковски на денешната прес-конференција.

Трајковски истакнува дека нема потреба од разочарување и оти поразот нема да ја наруши атмосферата во националниот тим. Фокусот, како што нагласи, останува на фудбалот, на Украина како нареден ривал во групата Ц. Мотиви, исто така, не недостасуваат и нема да дојде до психолошки пад по поразот од Австријците.

– Со евентуален триумф над Украина, ќе имаме големи шанси да ја минеме групата. Мечот е клучен за нив, но клучен ќе биде и за нас и во него ќе влеземе со победнички желби и амбиции. Во четврток нè очекува нова голема борба што ќе се обидеме да ја добиеме, додаде Трајковски.

Мечот меѓу Македонија и Украина е во четврток од 15 часот на Националната арена во Букурешт. Украинците во првиот меч во групата Ц на ова ЕП загубија од Холандија, во Амстердам, со 2:3.

Александар Трајковски ЕП 2020 Македонија репрезентација Спорт. Фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.