Published: Tuesday, December 8, 2015 10:51
Кандидатот за претседателска номинација до Републиканската партија, мултимилионерот Доналд Трамп побара да се забрани влез на Муслиманите во САД.
– Доналд Трамп бара целосна забрана з авлез на Муслимани во САД се додека државните
функциноери не откријат што се случува, изјави Трамп на еден од синоќешните преизборни настапи.
Трамп, кој и претходно бараше надгледување на џамиите и воспоставување на база на податоци за сите Муслимани коишто живеат во САД, ова барање го оправдува со масовното убиство во Сан Бернадино во Калифорнија пред неколку дена, при што напаѓачите се опишуваат како симпатизери на терористите од Исламската држава.




